Загадувањето на воздухот со почетокот на грејната сезона е повторно актуелен проблем во Скопје, Тетово и други македонски градови. Според Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово, иако загадувањето моментално е на „умерено“ ниво, состојбата бара итни мерки за подобрување. Главни извори на загадувањето остануваат греењето со дрва и интензивната употреба на автомобили.
Здравствените експерти предупредуваат дека, и при умерено ниво на загадување, можат да се почувствуваат негативни ефекти врз здравјето, особено кај чувствителните групи, како децата, постарите лица и хронично болните.
