Connect with us

Македонија

КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ за Димитров и Османи – Богојески во шоуто на Бетмен

Во рамки на „Бетмен Илиевски шоу “ на Алфа ТВ, повик за кривична одговорност за врхушката на предходната власт на ДУИ и нивните сдс измеќари упати лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески.

Тој говореше за потребата од кривична одговорност за политичарите за лажни политички ветувања и за нивни погрешни одлуки.

„Говориме за кривична одговорност за лажни политички ветувања. Премногу трпат државата и граѓаните од погрешните проценки и одлуки на политичарите. За проценка не, но кога имаме одлука, мора да има и одговорност. Но не само казна на избори, поминаа изборите и толку. Тоа не е завршена работа. Потребно е да има и кривична одговорност. Посебно во делот на двата протоколи кон бугарскиот договор, потпишани од Димитров и Османи, кои драстично ја влошија македонската позиција во однос на бугарската. Потоа прифаќањето на францускиот предлог со кој бугарските уцени станаа дел од европската рамка. Да не говорам за предвремената имплементација на Преспанскиот договор и наметнување на северна во сите пори на животот во земјава, без отварање на преговори со ЕУ. Македонија ја разоружаа. Најмалку што треба да направиме е да утврдиме одговорност за врхушката која го туркаше тој процес, надвор од одредбите на договорот.“ – истакна Богојески.

Богојески даде забелешки и на процесот за реформирање на ЕУ и неможноста Унијата да се проширува, без внатрешно да се стабилизира. Особено за решение на бугарските уцени преку донесување на граѓански или европски Устав на Македонија, сличен на тој во Грција.

Advertisement

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации.

Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува.

Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.

Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.

Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро.

ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Македонија

Животот е пред возилото: Новогодишна кампања против возење под дејство на алкохол

volan

Со новогодишните и божиќните прослави на прагот, патиштата се полнат со возила, а сообраќајот станува сè поинтензивен. Но, зад блескавите светла и веселите дружби, се крие сериозен ризик – управувањето на возило под дејство на алкохол.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предупредува: алкохолот ја нарушува концентрацијата, го забавува времето на реакција и го ослабнува умот за правилна проценка на опасностите. Секое возење под дејство на алкохол не е само прекршок – тоа е директна закана за животот на возачите, патниците и сите учесници во сообраќајот. Последиците, велат од Советот, често се трајни и ненадоместливи.

Апелот е јасен: не седнувајте зад воланот ако сте консумирале алкохол. Планирајте безбедна алтернатива – јавен превоз, такси или пријател кој ќе ве однесе дома. Почитувајте ги правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација, користете заштитна опрема, и покажете особена внимателност кон ранливите учесници во сообраќајот.

Советот потенцира дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност. Со одговорно однесување, празничните денови можат да бидат исполнети со радост и среќа – а не со трагични последици кои ја менуваат иднината на цело семејство.

Continue Reading

Македонија

Паркингот на Клинички ќе стане државен, здравството добива 100 нови амбулантни возила

ambulanta

На вчерашната седница, Владата донесе важни одлуки кои значително ќе го подобрат здравствениот систем и инфраструктурата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Земјиштето на паркингот ќе премине во државна сопственост, со што се отстрануваат административните пречки за модернизација и зголемување на капацитетот за паркирање.

„Со новиот статус на паркингот ќе можеме да воведеме целосен мониторинг, информативни табли и дигитален водич кој ќе ги насочува граѓаните. Нашата цел е пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Покрај тоа, Владата обезбеди средства за набавка на 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема, со вкупна вредност од 461,25 милиони денари, со план за реализирање во следните четири години. Овие возила ќе ја зголемат ефикасноста на итната медицинска помош, обезбедувајќи побрз транспорт на пациенти и подобрена покриеност во урбаните и руралните средини.

Со овие чекори, државата се стреми кон модернизиран здравствен систем и функционална инфраструктура, кои ќе го олеснат секојдневието на пациентите и ќе ја зголемат безбедноста на медицинскиот персонал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг