Connect with us

Македонија

Радио Лидер: Телефонски разговор Сиљановска – Шеќеринска, следува средба

Published

on

Радио Лидер објавува дека денеска изутрина на барање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова се случил телефонски разговор со новата заменик генерален секретар на НАТО Радмила Шеќеринска.

Според дипломатските извори кои ги цитира Радио Лидер во разговорот претседателката Гордана Сиљановска Давкова и го честитала изборот на Шеќеринска, посакувајќи и успешен мандат во Северноатланската алијанса.

Во разговорот било договорено Шеќеринска во петок да има средба со претседателката Сиљановска Давкова во вилата Водно.

Шеќеринска е прва Македонка во највисокото раководството на НАТО.

Извор Радио Лидер

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк