Connect with us

Македонија

Тепачка во Брвеница, полицијата морала да интервенира

Published

on

На 18.11.2024 во 23.10 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ј.(41), С.З.(35) и М.М.(24), тројцата од с.Брвеница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.30 часот во селото физички ги нападнале Г.С.(24) од с.Волковија и 21 – годишната Д.Н. од с.Брвеница. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. 

Македонија

Силјановска: Благодарност до Канада за поддршката на Македонија

Published

on

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, искажа топло добредојде на новоименуваната канадска амбасадорка, Мишел Камерон. Во својата изјава, Силјановска Давкова ја истакна важноста на партнерството меѓу двете земји, особено во рамките на НАТО и во процесот на реформите и евроинтеграциите на Македонија.

„Благодарност до Канада за континуираната поддршка во клучните процеси за нашата земја. Во време на глобални предизвици, соработката и солидарноста меѓу нашите народи се поважни од кога било,“ изјави Силјановска Давкова.

Таа подвлече дека соработката со Канада претставува значаен чекор за јакнење на стабилноста, демократијата и економскиот развој во Македонија, додавајќи дека овие односи се пример за силно меѓународно партнерство.

Именувањето на Мишел Камерон како нова амбасадорка се очекува да отвори нови можности за унапредување на билатералните односи и заедничките проекти меѓу двете земји.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Кисела Вода останува лидер во поддршката на децата со атипичен развој

Published

on

Општина Кисела Вода продолжува да го покажува својот фокус кон социјалната инклузија, ставајќи посебен акцент на поддршката за децата со атипичен развој. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави значајни новини, меѓу кои и официјалното потпишување меморандум за соработка со Филозофскиот факултет од Скопје, предводен од деканот проф. д-р Оливер Бакрески, и Институтот за специјална едукација и рехабилитација.

„Горди сме што со оваа соработка обезбедуваме нова поддршка за родителите и нивните деца. Преку користење на целосно опремените сензорни соби, ќе им овозможиме дефектолошки, логопедски и психолошки третмани, како и стручна помош од високо квалификувани лица,“ истакна Ѓорѓиевски.

Општината, која веќе има опремено шест сензорни соби во основните училишта, во изминатиот период реализираше бројни едукативни активности, трибини и стручно-научни конгреси во соработка со релевантни институции.

„Нашата цел е да го подобриме квалитетот на живот на овие деца и да обезбедиме поддршка за нивните семејства. Продолжуваме да работиме со целосна посветеност,“ додаде тој.

Во рамките на новата соработка, студентите и кадарот од Филозофскиот факултет ќе имаат можност за стручна пракса, што дополнително ќе придонесе за развојот на оваа област.

Со ваквите активности, Кисела Вода останува пример за општествено одговорно работење и грижа за најранливите категории.

Continue Reading

Македонија

ЗК Пелагонија влегува во стечај, судот пред одлука за комбинатот во тешка состојба

Published

on

Земјоделскиот комбинат Пелагонија кој е во тешка финансиска состојба веќе подолго време се соочува со стечајна постапка која ќе ги запре сите операции на некогаш еден од најбогатите и најголеми земјоделски комбинати во некогашна Југославија.

Земјоделскиот комбинат Пелагонија цели 4 месеци не може да ги исплати своите обврски и е со блокирана сметка што е причина за правна постапка за отварање на стечај.

Со оглед на тешката ситуација во комбинатот пред Основен суд Битола на 14.11.2024 година е поднесен предлог за отварање на стечајна постапка на предлог на доверителот Бетон дооел Штип, по кој е поведена постапка Ст.бр.152/24.

По предметот постапува судијката Татјана Митревска.

Со оглед на информациите од самиот комбинат за кој има малку дилеми дека е неликвиден, неспособен за плаќање, односно не е во состојба да ги измирува доспеаните обврски, сосема е очекувано дека над истиот ќе биде отворена стечајна постапка во најскоро време.

Земјоделскиот комбинат Пелагонија е со блокирана сметка повеќе од 45 дена што претпоставува дека стечајот на овој некогашен гигант е речиси извесна судбина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк