Connect with us

Скопје

ГРАЃАНИ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ПРЕВОЗ ДО РАБОТА Ќе има ли јавен превоз?

Published

on

„Луѓе ова не се трпи, денеска цел ден на работа бев капната. Утрово чекав 2 часа. На крај си платив такси. Си викам, ај за идење ќе дојде. Пак чекав 2 часа и не дојде, сè по таксиња се качивме. Јас во петок одам на протест, вие како сакате!“, напиша една скопјанка на социјалните мрежи.

Граѓаните на социјалните мрежи сами се организираат како утре да стигнат до работа, бидејќи се најавува дека нема да има автобуси во Скопје. Гневни поради тоа што денеска немаше автобуси многумина од нив најавуваат дека ќе се приклучат на големиот протест пред Град Скопје најавен за в петок.

„Жени, прочитав дека нема да има утре автобуси. Јас утре одам накај работа во 6 и 25, тргнувам од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуската кај ‘Коце’ и продолжувам по мостот кај Автокоманда, ‘Бриколаж’ и хотел ‘Русија’ и поминувам кај Мајчин дом. Нека се јави некоја ако ѝ треба превоз во тој правец. Максимум можам 3 жени да земам, затоа што имам позади бебе во седиште. Ќе се стуткаме. Пишете ми“, се вели во една објава на социјалните мрежи.

Друга скопјанка напиша:

„Луѓе ова не се трпи, денеска цел ден на работа бев капната. Утрово чекав 2 часа. На крај си платив такси. Си викам, ај за идење ќе дојде. Пак чекав 2 часа и не дојде, сè по таксиња се качивме. Јас во петок одам на протест, вие како сакате!“.

Меѓу коментарите беше и следниот:

„И работодавците треба да дадат поддршка за протестот. Нивниот мотив треба да е ист како и на вработените. Во спротивно протест и кај нив“.

Јавниот превоз во Скопје е пред тотален колапс. Во Скопје попладнево сообраќаа само 25 автобуси.

На протестот кој го организира градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, свое учество најавија и студентите. Универзитетското студенско собрание при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје ѝ постави ултиматум на скопската градоначалничка Данела Арсовска да го реши проблемот. Во писмо до Арсовска и до ЈСП студентите побараа враќање на автобуските линии и воспоставување нови решенија за транспорт.

Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.

Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.

Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани.

Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.

Скопје

Скандал во Скопје: Дрифт собир со 300 возила за време на ден на жалост!

Published

on

Додека цела земја тагува по трагедијата во Кочани, група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета.

Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. Благодарение на брзата интервенција на МВР и ПС Карпош, собирот бил прекинат.

„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да покажеме човечност. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостолоски во својата објава.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

Published

on

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал цевката за фекалии. Градежникот додека ја правел јамата и копал за поставување на армирано бетонски колови, т.н. шипови, ја погодил цевката за канализација. Потоа додека полнеле со бетон, ја наполниле и цевката и таа е забетонирана. Сега фекалиите од останатите згради и куќи на улицата не можат да течат низ цевката и преку клозетските шолји ќе им се враќаат во домовите.
Сдк.Мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршка за бизнисот и инвестициите низ целата држава

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за клучни теми како децентрализацијата, инвестиционата активност на општините и поддршката на бизнисот.

„Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во насока на остварување на раст од 4%, градењето на правна држава и почитувањето на принципите на пазарната економија,“ истакна Азески.

Ѓорѓиевски го информираше претседателот за активностите на општината, при што беше нагласена важноста на создавање поволна бизнис-клима, елиминирање на пречките за инвеститорите и поддршка на компаниите кои отвораат нови работни места и водат сметка за еколошките стандарди.

„Продолжуваме со активности за економски раст, подобрување на условите за бизнисите и развој на општините,“ порача Ѓорѓиевски.

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк