Connect with us

Балкан

Косовската претседателка Османи контра премиерот Курти и мнозинството Албанци во Македонија

Основниот проблем е што македонските Албанци не се согласуваат со неа, особено ВРЕДИ кои според бројот на пратеници во своите редови, сите од албанска етничка припадност, за разлика од етничкото шаренило кај Ахмети и ДУИ, се најбројната албанска коалиција во државата Македонија. 

Косовската претседателка Вјоса Османи, веројатно се уште многу лута од случката на скопскиот аеродром каде мораше да мине преку процедурата вообичаена за сите останати граѓани и политичари од целиот свет, сега застана контра Курти и неговата изјава за албанскиот јазик во Македонија. Застана и против мнозинската албанска коалиција во државата. Во етно-романичарски занес, Османи нерагументирано изнареди куп епитети на сметка на своите сограѓани од албанска националност во Македонија.

Воинствено и недипломатски, кршејќи ги сите постулати на Виенската конвенција и редица други непишани закони, Вјоса обвини за некаво наводно загрозување на правата на Албанците во Македонија, кое демек  ќе наишло на противење и единство на Албанците од цел Балкан. Нешто со што не се согласува владејачката ВРЕДИ, како и нејзниот премиер Албин Курти.

Османи изјави дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во С. Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.

Таа додаде дека ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор. Иако, тој чекор не е направен…

Основниот проблем е што македонските Албанци не се согласуваат со неа и оваа паушална констатација, особено ВРЕДИ кои според бројот на пратеници во своите редови, сите од албанска етничка припадност, за разлика од етничкото шаренило кај Ахмети и ДУИ, се најбројната албанска коалиција во Македонија.

Првиот вицепремиер Изет Меџити оценува дека косовскиот премиер Албин Курти ја кажал вистината за тоа дека во Македонија не постои закон за албански јазик, туку закон за употреба на јазиците. На ДУИ не им се допадна изјавата на Курти.

Advertisement

Балкан

Антивладин протест ескалира во Тирана, има повредени

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија. Инцидентите и тензиите ескалираа пред зградата на владата на булеварот Deshmoret e Kombit.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и вицепремиерката Белинда Балука, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Опозицијата ги поврзува протестите со случаи на корупција, истакнувајќи дека Балука е обвинета за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го одземе нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата останува решена да ја „спаси Албанија“ и ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата против власта.

По неговиот говор, демонстрантите се судрија со полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени кон владината зграда, предизвикувајќи пожар на надворешната страна. Во немирите беа повредени неколку лица.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека протестите ќе продолжат и во наредните недели.

Continue Reading

Балкан

Коледарски оган и празнична атмосфера ја обединуваат публиката во Лерин

Манифестацијата „На Коледе во Лерин“ во соседна Лерин и годинава претставува вистинска атракција, привлекувајќи посетители не само од Битола, туку и од поширокиот регион. Во духот на традицијата, централното место го зазема палењето на коледарскиот оган, кое создава посебна празнична атмосфера и чувство на заедништво.

Близината, величествениот оган и традиционалните чествувања ги привлекуваат туристите и верниците кои Коледе го празнуваат според Грегоријанскиот календар. Посетителите имаат можност да уживаат во новогодишната празнична атмосфера, да вкусат традиционална храна, како и да се загреат со варено вино, топла ракија и музика.

Од туристичките агенции од Битола кои ја организираат посетата на настанот посочуваат дека токму пријатната атмосфера, дружењето и автентичниот дух се причините поради кои „На Коледе во Лерин“ секоја година привлекува се поголем број посетители.

Според нив, годинава интересот е значително поголем во споредба со изминатите години, при што повозрасните битолчани покажуваат поголема заинтересираност за овој традиционален настан. Покрај храната и дружењето, дополнителна атракција за посетителите е и спектакуларниот огномет, кој претставува завршница на манифестацијата.

Според Грегоријанскиот календар, утре, 24 декември, верниците од католичка вероисповед го одбележуваат празникот Бадник.

Continue Reading

Балкан

ВИДЕО: Градоначалникот на Лерин запре македонска песна

Градоначалникот го прекина бендот „Banda Entopica“ штом запеаја на македонски – „Музиката нема граници“ грмна од бината
Наместо прослава на традицијата, синоќешната манифестација во Лерин се претвори во демонстрација на цензура. Познатиот бенд „Banda Entopica“ беше принуден да престане со пеење во моментот кога одекнаа стихови на македонски јазик.
Традиционалната манифестација „Ден на огновите“, која се одржува во пресрет на Коледе во Лерин, синоќа (22 декември) беше засенета од скандалозна забрана која повторно ги разгоре прашањата за човековите права и употребата на македонскиот јазик во Грција.


Во атмосфера на веселба, популарниот бенд „Banda Entopica“, познат по својот широк репертоар на балкански звуци, ја започна изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“. Меѓутоа, веднаш по првите стихови, следеше итна интервенција од страна на градоначалникот на Лерин. Според сведоштвата на присутните и видеата што веќе се шират на социјалните мрежи, на музичарите им било наредено веднаш да прекинат со пеењето на македонски јазик, дозволувајќи им да продолжат исклучиво со инструментална изведба.


„Музиката нема граници“
Обидот за цензура не помина без реакција. Еден од членовите на бендот, кларинетист кој потекнува од Патра, јавно и храбро реагираше пред насобраната толпа.


„Музиката нема граници!“ – порача музичарот од бината, добивајќи аплауз и одобрување од дел од публиката која не се согласуваше со ригидните постапки на локалната власт.


Воскопулос: Ова не е инцидент, ова е континуитет на страв
За настанот реагираше и Павле Воскопулос, долгогодишен активист за правата на Македонците во Грција и член на партијата „Виножито“. Тој посочува дека синоќешниот настан не е изолиран случај, туку потврда дека старите стравови и забрани сè уште живеат во Леринско, Костурско и Воденско.


„Ова е дел од еден подолг континуитет на ограничувања. Иако Преспанскиот договор требаше да ја олесни климата, локалните шерифи и натаму спроведуваат пракса на селективна забрана. Македонското оро може да се игра, но македонската песна не смее да се пее. Тоа е апсурдот на 21-от век,“ коментира Воскопулос.


Тој потсетува дека ваквите сценарија беа секојдневие во 90-тите години, период за кој постојат десетици извештаи од Human Rights Watch, Amnesty International и Greek Helsinki Monitor, кои документирале како грчката држава систематски ја потиснувала културната експресија на македонското население.


Видеото го обиколува регионот
Иронијата на забраната е што таа постигна спротивен ефект. Наместо да се замолчи песната, видеото од прекинувањето на „Софка на татко“ стана вирално. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ваквите потези се во целосна спротивност со европските вредности за кои Грција декларативно се залага.


Додека официјална Атина и Скопје зборуваат за дипломатија, на теренот во Лерин, музиката сè уште се дели на „дозволена“ и „забранета“, во зависност од јазикот на кој се пее.

Видеото може да погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг