Connect with us

Македонија

Министерката Божиновска главен таргет на опозицијата на првите пратенички прашања по нов деловник

Published

on

Денеска за првпат се одржуваат пратенички прашања според новиот деловник усвоен од претходниот состав на Собранието.

Според новите правила не се знаат прашањата но однапред се знае на кого се однесуваат пратеничките прашањата.

Тие од сега натаму ќе се поставуваат до членовите на владата кои пратениците однапред ги повикале да одговораат.

На првата ваква седница за пратенички прашања најинтересна за опозицијата е министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Божиновска која допрва го етаблира новото министерство кое го раководи денеска ќе треба да одговори на три прашања, две поставени од СДСМ и едно од Левица.

Божиновска претходно наместо да биде прашувана за проектите во енергетиката во дел од јавноста беше ,,расчеречена” за бугарскиот пасош иако таа одамна побарала отпуст од бугарско државјанство.

Иако е јавна тајна дека таа де факто веќе не е бугарски државјанин затоа што бугарската потпретседателка Јотова не сака да го потпише актот за отпуст од државјанство наводниот бугарски пасош се уште е интересна тема за дел од јавноста.

Бугарската потпретседателка Јотова не сака да го потпише актот со кој Божиновска формално нема да биде бугарски државјанин за да може да води ефтина пропаганда дека наводно во македонската влада има бугарски граѓани.

На седницата за пратенички прашања денеска три прашања има и за министерот за здравство Арбен Таравари, две има за премиерот Христијан Мицкоски и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ….

Македонија

Во Штип продадени 270 станови, од кои 135 се нова градба

Published

on

Расте побаравачката за купување на станови во Штип. Во текот на 2024 година продадени се вклупно 270 станови во згради за колективно домување, покажуваат податоците на Општина Штип.

Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели дека 270 станови кои се продадени, од нив 135 се нови станови и според договорите цената на новите станови се движи од 800 евра за метар квадратен, а највисоката достигнува и од 1380 евра за метар квадратен. По сите основи, од сите имоти, од данок на промет општината има инкасирано 1 250 000 евра.

За разлика од претходните години кога станови купуваа и граѓани од Турција, годинава во главно се работи за домашни инвеститори, поточно, локални купувачи. Во моментот во градба се околу 200 станови, кои догодина треба да се евидентираат во даночното одделение.

Лазар Хаџи Николов раководител на Секторот за урбанизам во Општина Штип, вели за изградба на куќи, општината на јавна лицитација продаде десет градежни парцели во приградската населба Три Чешми.

-Бидејќи се покажа дека граѓаните, јавноста, има интерес да инвестираат во овој дел од градот, ние како Општина, веќе и во самата Програма за отуѓување на градежно земјиште имаме предвидено отуѓување и на други градежни парцели за оваа намена кои се наоѓаат во истиот плански опфат, изјави Хаџи-Николов.

Втора локација на која граѓаните ќе можат да градат куќи за индивидуално домување е помеѓу населбите Сењак и Баби.

„Во Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година, која е веќе донесена од страна на Советот на општината, се предвидени вкупно 44 изработки на плански решенија“, рече Хаџи-Николов.

Посочува дека дел од нив се финасирани од страна на заинтересирани приватни инвеститори, а остатокот од буџетот на општината.

Continue Reading

Македонија

ХАЛК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ

Published

on

Адресата на сајтот е vasata-bezbednost-halkbank и истата е измамничка и на никој начин не е поврзана со банката. Ве молиме да не кликате на линкот кој ќе го добиете во SMS, и да не ги давате Вашите податоци на посочената адреса“, се нагласува во објавата на банката на Фејсбук и на нивната веб страна.

Халк Банка АД Скопје ги информира своите клиенти во текот на денешниот (сабота, 28 декември 2024 година) се одвива злонамерна кампања која има за цел да ги прибере нивните броеви на картички, како и нивните лични податоци, а со цел злоупотреба на нивните финансиски средства преку дигитализација на платежни картички.

„Нападот се одвива преку добивање на SMS порака која се претставува дека е од банката и бара од Вас на измамнички сајт да ги внесете Вашите податоци. Адресата на сајтот е vasata-bezbednost-halkbank и истата е измамничка и на никој начин не е поврзана со банката. Ве молиме да не кликате на линкот кој ќе го добиете во SMS, и да не ги давате Вашите податоци на посочената адреса“, се нагласува во објавата на банката на Фејсбук и на нивната веб страна.

Исто така Халк Банка АД Скопје посочуваат дека во иднина можно е да се смени адресата на измамничкиот сајт.

„Халк Банка АД Скопје никогаш нема од Вас да ги побара Вашите лични и податоците за платежните картички на овој начин. Целокупната комуникација помеѓу банката и клиентите се одвива преку официјални канали кои се и потврдени од страна на банката“, наведуваат од банката.

Доколку некој од клинетите веќе ги внел своите податоци на измамничкиот сајт, од банката потенцираат дека мора веднаш да се јават во контакт центарот на Халк Банка АД Скопје, за да се преземат понатамошни активности за спречување на измамите.

Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и и e на располагање 24 часа во денот.

Continue Reading

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими министерот за правда, Филков

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.

Двајцата соговорници рaзговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.

На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк