Connect with us

Македонија

Прекин на струја утре во дел од Тетовско

Published

on

Според известувањето од ЕВН Македонија, утре, 22 ноември 2024 година, дел од Тетовско ќе остане без електрична енергија поради планирани технички зафати на електромрежата. Прекините ќе се реализираат во следните населени места:

Дел од Мала Речица, објекти кои се наоѓаат во близина пералната Експрес, спроти спортската сала прекин од 10:00 до 12:30

Македонија

Мицкоски: Многу сум разочаран од пресудата на Судот во Тетово

Published

on

Мицкоски кажа дека е силно разочаран од одлуката на тетовскиот суд, и дека бара од Судскиот совет да преземе акција за работата на судијата.

„Народот се згрози од вчерашната пресуда во Тетово. Сторителот кој одзеде млад живот, по жалба Апелацоиониот суд му ја намали казната на 2 години, за Врховниот суд ги укине двете пресуди, и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години кој смртно одзеде недолжен живот, на 22 години.

Јавно прашувам, има ли некој во државата кој смета дека имаме задоволена правда?

Како човек и родител сум силно разочаран од оваа одлука. Ова не е правда, и тука има потфрлање на системот. Знам дека некој ќе ми се налути сега поради оваа изјава, но јавно барам од Судскиот совет да го преразгледа работењето на овој судија кој ја донесе одлуката“, рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Премиерот бара Судскиот совет да ја испита работата на судијата Ељведин Ферати, што досуди 2 години затвор за смртта на Теодора

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски бара судскиот совет да го разгледа работењето на судијата  Ељведин Ферати, кој вчера му досуди казна од две години затвор на возачот Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска на пешачки премин во Тетово.

Судот во Тетово вчера му досуди 2 години затвор на сторителот што одзеде недолжен човечки живот, 22 годишната Теодора Ристевска. Повторувам, судот во Тетово му досуди 2 години затвор на сторителот што смртно ја прегази 22 годишната Теодора Ристевска. Јавно да прашам, има ли некој во државава што смета дека тука имаме задоволена правда? Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, туку како претседател на владата и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда и тука имаме потфрлање на системот по повеќе основи. Знам дека некој ќе ми се налути. Ќе излезат и такви полноглавци кои ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам. Но јавно барам од Судскиот совет повторно да се разгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се анализира оваа пресуда. Ова не е партиска борба туку битка за вистината, одговорноста и правдата. Зашто ова е борба на луѓе и нелуѓе. Луѓето мора да победат, рече Мицкоски. 

Премиерот истакна дека вчера јавноста повторно се згрози за случајот во Тетово, но и дека на пресудата од 2 години затвор ѝ претходела подолга процедура.

Вчера јавноста најново се згрози за случајот во Тетово. Во сообраќајна несреќа во август 2022 година на првото судење во ноември 2023 година по признавање на вина сторителот кој одзеде млад живот беше осуден на 3 години и 6 месеци затвор. По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, ја намали на 2 години затвор. Па потоа Врховниот суд ги укина двете пресуди на основниот и на апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење, посочи Мицкоски.

Мицкоски зборуваше за овој предмет во контекст на корупцијата нагласувајќи дека таа упорно ја разјадува довербата кај граѓаните и институциите.

Судски постапки што траат со години, обвиненија што никако не завршуваат со пресуда, истраги што се отвораат само кога ќе станат медиумска сензација. Сето тоа создаде чувство кај граѓаните дека правдата е селективна а корупцијата прифатена. Токму тоа е најголемата штета, не само изгубените пари туку изгубената верба. Корупцијата ја убива надежта, ги тера младите да си заминат, ги обесхрабрува чесните, го подрива општеството.  Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата, смета премиерот.

Тој додаде дека ако овој систем не се ресетира сега тогаш бадијала ќе биде се бидејќи се работи за прашање на иднината. Мицкоски посочи дека лично ќе го следи предметот за младата Теодора и вети дека правдата ќе се истера до крај.

-Ова нема да биде уште еден случај што ќе се затвори без одговорност. Лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мора да покажеме дека законите важат за сите, зашто можна следна жртва е секој еден од нас, додаде премиерот. 

Continue Reading

Македонија

Полицијата уапси скопјанец во Тетово, управувал со возилото со 2.15 промили алкохол во крвта

Published

on

Лишен од слобода возач во Тетово затоа што управувал возило под дејство на алкoхол.

На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк