УАПСЕНИ 11 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ И МИНИСТЕРОТ ВЕСИЌ КОЈ ДЕНОВИВЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Меѓу уапсените се министерот за градежништво Горан Весиќ, директорката на Инфарсатруктура на железниците на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Инфарсатруктура на железниците на Србија Небојша Шурлан и помошник на министерот за железнички транспорт Анита Димоски, јави дописникот на МИА од Белград.

Горан Весиќ на социјалната мрежа Х напиша дека не е уапсен, туку дека „доброволно се јавил на повикот на полицајците и им е на располагање на полициските органи“.

На 1 ноември 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени при уривање на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Несреќата се случи четири месеци по официјалното отворање на станицата, која беше отворена по тригодишна реконструкција.

Весиќ од 2018 до 2022 година беше заменик градоначалник на Белград.