Connect with us

Македонија

Утре без струја делови од Скопје и Македонија

Published

on

ЕВН Македонија известува дека утре, 22 ноември 2024 година, ќе има прекин на електричната енергија во одредени делови од Скопје и други региони низ Македонија. Прекините се поради планирани технички зафати на електромрежата.

Македонија

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

Published

on

Во болниците во Македонија сè уште се лекуваат пет пациенти oд пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На клиниката за пластична хирургија се наоѓа една пациентка, додека уште двајца пациенти се сместени во стара Градска болница, двајца пациенти се хоспитализирани во приватната болница „Систина“.

Во странство се лекуваат 44 пациенти. Состојбата на двајца од нив и натаму е критична. Во саботата од Ниш пристигна пациент кој беше згрижен на клиниката за пластична хирургија и веќе наредниот ден по направените анализи беше пуштен на домашно лекување.

Здравствените власти велат дека имаат редовна комуникација со странските болници и ја следат состојба на сите пациенти.null

Во пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март загинаа 62 луѓе, а речиси 200 беа повредени. Голем дел од повредените беа испратени на лекување во странство.

Continue Reading

Македонија

Латифи: Секој состанок на било кого од ВЛЕН со ДУИ е флагрантно кршење на народната волја

Published

on

Бурим Латифи оцени дека секој состанок со Демократската унија за интеграција (ДУИ) претставува најмалку флагрантно кршење на народната волја за промени, која беше изразена преку 107 илјади чисти албански гласови.

„Народната мобилизација минатата година, која ја испрати ДУИ во опозиција по 22 години, беше инспирирана од ветувањето за нов дух во управувањето, за принципиелна политика и за генерација политичари кои го исполнуваат дадениот збор“, изјави Латифи.

Тој додаде дека контроверзниот договор за соработка со ДУИ претставува крајно отстапување од идеалите за кои се здружија петте политички субјекти – ЛД, Беса, Алтернатива, Алијанса и ВВ. Според него, секоја приближувачка политичка математика со ДУИ го поткопува легитимитетот добиен на изборите и довербата на граѓаните во ветените промени.

Continue Reading

Македонија

Села: Ахмети и Таравари имаа 2-3 директни средби, а не само телефонски разговор, како што тврдеше Таравари!

Published

on

Али Ахмети и Арбен Таравари имаа две, или три директни средби, нивните контакти не беа само разговор преку телефон! Јас не го знаев ова, но добив информации за тоа.“ – изјави Зијадин Села, лидерот на крилото во Алијансата за Албанците во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, коментирајќи ја изјавата на Арбен Таравари, кој негираше дека имал средба со лидерот на ДУИ Ахмети и тврдеше оти со него имал само телефонски разговор.

Во ова тврдење на Зијадин Села, кое го пренесе ТВ 21, не појаснил и што евентуално разговарале Ахмети и Таравари на неколкуте средби, ако е ова точна информација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк