Connect with us

Македонија

Владата се вклучува во решавањето на проблемот со јавниот превоз, закажана итна седница за 14 часот

Published

on

На седницата, велат нашите извори, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз, дознава „360 степени“ од владини извори. Според нашите информации, денеска во 14 часот ќе се одржии итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). 

На седницата, велат нашите извори, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Училиштата ќе имаат редовна настава без оглед на ситуацијата со редуцираниот автобуски превоз, а учениците треба да дојдат на часови. 

Од синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, во изјави за медиумите вчера информираа дека во Скопје сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда и во Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.   

Денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз. Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.

Македонија

Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година

Published

on

Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.

Кај машкитe деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј.

Бројот на живородени деца во земјава, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава изнесувал 11 694, и бележи намалување во однос на 2023 година.

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПОЖАРНАТА, ПОЛИЦИЈАТА И БРЗАТА ПОМОШ

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на Новата година и претстојните празници, информираат од општина Битола.

Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.

Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и убави празници.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Радоста на децата е нашата најголема инспирација

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, го предводеше денешниот незаборавен новогодишен настан кој донесе насмевки и радост на лицата на најмладите.

🎅 Дедо Мраз пристигна со полни раце пакетчиња, подарувајќи новогодишна магија на сите деца што беа дел од оваа веселба. Настанот беше збогатен со концерт на Детскиот фестивал „Поточиња“, театарска претстава, настап на балетското студио „Лебед“, како и изведби од Бисера Мојаноска и омилените ликови од цртаните филмови.

🎄 „Новогодишниот период е време на радост, на поврзување и на надеж. Денеска, заедно со децата, ја испраќаме старата и ја дочекуваме новата година со голема возбуда и желби за здравје, среќа и успеси,“ порача Ѓорѓиевски, изразувајќи огромна благодарност до сите кои помогнаа овој настан да биде толку посебен.

Посебна благодарност беше упатена до Министерството за спорт и отец Оливер за нивната поддршка.

🎊 „Најважни се децата, чии желби и радост се наша инспирација. Од срце ви посакувам среќни празници и уште поубави моменти во 2025 година,“ истакна градоначалникот.

#НајдобротоДопрваДоаѓа!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк