Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за како писменоста и образованието може да бидат мостови меѓу луѓето

Денес во Владата на Република Македонија се одржа свечена академија по повод Денот на Албанската азбука.

Премиетот Христијан Мицковски во своето обраќање истакна дека Денот на албанската азбука е симбол на образованието, културното богатство и напредокот на албанскиот народ.

– Овој ден 22 Ноември не потсетува на Конгресот во Битола одржан во 1908 година. Таму со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината.

Мицкоски додаде дека наша заедничка должност е да градиме заедничко општество без разлика на етничката или јазична припадност давајќи го нашиот придонес за заедничкото добро.

– Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието може да бидат мостови меѓу луѓето, а не темите кои не разделуваат.