Connect with us

Македонија

Од Тетово си, имаш 36.500 евра, а САКАШ ДА ЌАРИШ ВО ДУБАИ

Published

on

На 22.11.2024 во 13:30 часот во СВР Тетово 51 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен и оштетен за 36.500 евра од A.И. од Теарце, Л.Р. од Скопје , В.С. од Тетово, М.М.(58), П.Л.(56), и В.С.(30) тројцата од Р. Албанија, кои во текот на месец јануари 2024 година, му понудиле да инвестира во наводно многу профитабилен проект во Дубаи, но откако ги дал парите сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

СИН НА ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ ОДДАВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ТАЈНА

Published

on

Денеска бил приведен син на поранешен функционер.

Според информациите, лицето било приведено поради кривично дело „Оддавање службена тајна“, но потоа веднаш било пуштено на слобода.

Се работи за лице со иницијали Ќ.Б.

„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, вели портпаролот Гоце Андреевски.

Continue Reading

Македонија

„БИТОЛА Е ЕДНО ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ“ Општината следната година ќе има рекорден буџет, вели градоначалникот Коњановски

Published

on

Градоначалникот Коњановски укажа дека потребна им е дополнителна инјекција од страна на централната власт.

Годинава го изгласавме досега историски најголемиот буџет од 2 милијарди 760 милиони денари вкупниот буџет или оперативниот дел е 1 милијарда 330 милиони, истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.

Коњановски укажа дека потребна им е дополнителна инјекција од страна на централната власт.

Continue Reading

Македонија

ДУИ во шок: Гаши на парламентарци од Албанија им се обратил на македонски – со преведувач

Published

on

Демократската унија за интеграција преку коминике реагира дека Делегацијата на Парламентот на Албанија при посетата на Скопје била шокирана бидејќи спикерот Африм Гаши во разговорот со нив зборувал на македонски јазик, со преведувач на албански јазик.

За интегративцит тоа не било според протокол туку дека, според нив, отворено се негира националниот идентитет.

„Го прашуваме претседателот на ВРЕДИ, Африм Гаши: дали беше намерен чин да се негира важноста на албанскиот јазик или погрешното верување дека албанскиот е само јазик на превод, причината зошто ја шокиравте делегацијата на Парламентот на Албанија за време на нивната посета на Скопје?

Зошто кога ви се обратија на вашиот мајчин јазик, решивте да одговорите и да го водите целиот разговор на македонски јазик, со преведувач на албански јазик пред граѓаните Албанци кои очекуваат да го заштити и промовира нивниот идентитет“?, велат од ДУИ.

Спикерот Гаши изјави дека „македонскиот јазик е единствениот официјален јазик во Северна Македонија, а албанскиот е преведен“.
Оо оваа изјава ДУИ побара оставка од Гаши, пишува Телеграфи

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк