Connect with us

Македонија

Над 300 војници добија по 10.000 денари за гаснење на пожарите

Published

on

Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

И Независниот синдикат на одбраната информираше дека 320 војници кои беа на терен и ги гасеа пожарите кои летово ја зафатија Македонија, се наградени со по 10.000 денари.

Независниот синдикат исто така посочи дека по разговорите кои ги воделе со министерот Мисајловски, министерството ги исплатило заостанатите средства од потпишувањето на Колективниот договор, заклучно со јуни. Односно, зголемување по 15 отсто и 30 отсто за период од февруари-јуни, потоа, за посебен степен на образование, учество во комисии…

Македонија

Денес се празнува Летник – македонски народен празник: Неколку работи кои треба да ги направите денес за убава и среќна година

Published

on

Летник – македонски народен празник

Летник е македонски народен празник што се празнува на 1 март по стар календар, и е поврзан со враќањето на птиците преселници во Македонија. Празникот означува почеток на пролетта, цутењето на дрвјата и започнувањето на земјоделските работи. Поради неговото значење, често се смета за почеток на работната година.

Најчесто се празнува во Западна Македонија, особено во Галичник, Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко. Празникот има народен, а не верски карактер, па го празнуваат и православни и муслимани во тие региони. Се смета дека потекнува од пагански обичаји.

Овој празник, иако со процесот на миграција запоставен во градовите, сѐ уште се празнува во руралните региони на Голо Брдо, Мала Преспа и Струшки Дримкол. Поради тоа што се празнува само од Македонците (и христијани и муслимани), Летник е сметан за етнички македонски народен празник.

Древен македонски празник на светлината

На истиот датум, древните Македонци го празнувале празникот Ксантика, поврзан со зголемувањето на светлината и почетокот на пролетта. Овој древен празник исто така се сметал за почеток на годината и бил поврзан со земјоделските работи.

Начин на празнување

Летник започнувал рано наутро, кога луѓето гледале да здогледаат птица, за да им биде лесна годината, и проверувале дали имаат златна или сребрена пара за успех. Потоа се излегувало во шумите, од каде се носеле расцутени дренови гранки, кои луѓето ги држеле за здравје и сила.

Децата носеле суви гранки и оделе од куќа до куќа, фрлајќи ги во огништата со желба за многу деца. Во куќите се носела гранка од дрен, а домаќините ги гоштевале гостите со ореви, варена пченка и благо. Тој што прв ќе влезел во домаќинствата на Летник, се сметал за „среќна рака“ и бил добро прифатен во годината што следела.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за високи температури и максимално уживање: Еве какво време не очекува викендов

Published

on

Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати нашата Република Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината. Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат дури до околу 30 степени, особено во сабота (15 март).

И во Скопје ќе имаме слично време со температура која ќе се искачи близу 30 степени.

МетеоАларм
Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Даути: Мицкоски ја македонизира државата на сите нивоа, а кој ќе се занимава со поплаките на Албанците, ако Трамп се сврти на други области?!

Published

on

„Големата игра на геополитиката вклучува тектонски потреси во планетарни димензии, но кога земјотресните „плочи“ ќе се стресат некаде, не можеме, а да не го почувствуваме тоа на овој мал Балкан. Со доаѓањето на главниот „тектоничар“ на овие потреси во Белата куќа, некогашните пријатели на Америка во ЕУ ги фати паника, па повеќе од легитимно е да се прашаме: што ќе биде со нас во * Македонија? Сега Мицковски ги засили критиките кон ЕУ, ја отфрли можноста со уставни измени да се вклучат и Бугарите во уставот (има оправдани причини за тоа) и ги интензивира напорите да ја македонизира државата на сите нивоа. А кој би се занимавал со поплаките на незадоволните Албанци, ако нивната позиција би можела да се врати назад во случај Трамп да се пренасочи на друго области, кои ќе бидат во негов интерес?“ – пишува новинарот Даут Даути во својата колумна со наслов „Македонија во минатото, а на Косово му бега задоцнетиот воз!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Покрај другото, натаму Даути наведува: Неодамнешната анкета во * Македонија покажа дека сè уште повеќе од 60 отсто се за ЕУ, иако има опструкции од ЕУ, а особено од членката на ЕУ Бугарија на напорите на земјата да ги отвори вратите кон Унијата. Порано за ЕУ беа 80-90 проценти, но сега критичната маса на скептицизам спредизвика забележителен пад на довербата во ЕУ. ЕУ има многу гревови дури и во очите на Албанците, особено со доцнењето на влезот на Албанија во ЕУ и неразумното одложување на укинувањето на визите за Косово за една година!

Во * Македонија евроскептицизмот од етничка перспектива (присутен многу повеќе кај Македонците отколку кај Албанците), и покрај официјалните проевроатлантски политики, има и доза на противамериканизам. ВМРО ДПМНЕ беше против уставните измени, да се вклучат Бугарите во уставот, што Бугарија го бараше, но тоа го оправда со сомнеж дека и по овие измени нема да престанат барањата на нејзините соседи кон * Македонија и дека неподготвеноста да гласаат за нив нема да значи априори против ЕУ. Неколку изјави од ЕУ дека никој не може да гарантира дали вклучувањето на Бугарите во уставот на * Македонија е последното барање на Бугарија му дадоа за право на ВМРО ДПМНЕ, кое беше наградено од гласачите на изборите на 8 мај 2024 година.

Позиционирањето против уставните измени беше „доволен“ аргумент за СДСМ и ДУИ да кажат дека ВМРО ДПМНЕ е  антиевропска по својата ориентација и проруска! Сега се случува парадокс со американските избори и враќањето на Трамп. Партијата ВМРО ДПМНЕ, која се смета себеси како  десничарска, и некои медиуми на македонски јазик како да најдоа „сродна душа“ во администрацијата на Трамп, со која наоѓаат „заеднички вредности“ и има нескриена егзалтација. Премиерот Христијан Мицкоски беше во САД и се чини дека никој пред него не ја почувствувал Америка толку пријателска, толку промакедонска. Отворено изразениот протрампизам ги зголеми надежите за продлабочување на односите со Америка, бидејќи овојпат политичките прашања се поврзуваат и со емотивните.

Сега Мицковски ги засили критиките кон ЕУ, ја отфрли можноста со уставни измени да се вклучат и Бугарите во уставот (има оправдани причини за тоа) и ги интензивира напорите да ја македонизира државата на сите нивоа и да ги дефакторира Албанците колку е можно повеќе.

Изгледа се наредија коцкиците во на мозаикот кај сите евроскептици и американоскептици,  бидејќи по самитот САД-Русија во Ријад се поклопуваат емотивната и политичката страна во едно! Се чини дека САД ги напуштаат своите европски сојузници и се приближуваат кон Русија. Токму тоа би го сакале некои кругови во * Македонија, да има „два во едно“: и Америка (која никогаш искрено не ја сакале) и Русија (која ја сакале, но не можеле да ја изразат). Плус, десничарско идеолошко усогласување. … Кој би се занимавал со поплаките на незадоволните Албанци, ако нивната позиција би можела да се врати назад во случај Трамп да се пренасочи на друго области, кои ќе бидат во негов интерес?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк