Connect with us

Спорт

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 31. по ред забава го најави историско гостување во Милано (фото)

Published

on

Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола со својата традиционална забава во ресторанот „Вила Виста“, ја заокружи есенската полусезона од натпреварувачката 2024/2025 година. Настанот беше одлична можност за тимот, навивачите и поддржувачите да се осврнат на постигнатото досега, но и да погледнат кон иднината со оптимизам.

Како што е вообичаено, капитенот Никола Пискачев ја отвори вечерта со својот традиционален говор, правејќи ретроспектива на изминатата полусезона. Иако резултатите не ги исполнија очекувањата на тимот, Пискачев ја истакна кохезијата, другарството и борбениот дух како основа за подобри резултати во пролетниот дел.

Целиот текст на Bitolanews

Спорт

Јокиќ испиша историја – потег што го остави светот без зборови! (ВИДЕО)

Published

on

Еден, единствен, неповторлив Никола Јокиќ кој минатата ноќ испиша историјата на НБА лигата. Со својот трипл-дабл стана првиот играч кој успеал да постигне 30+ поени со 20+ скокови и 20+ асистенции на еден натпревар во победата на Денвер над Финикс по продолжението – 149:141.

Сè изгледаше како лесна задача за нашиот сјаен кошаркар, кој успеа да постигне 31 поен ноќта со 21 скок и 22 асистенции за 45 минути поминати на теренот.

Јокиќ покрај тоа успеа да забележи и деветиот најбрз трипл-дабл во историјата на натпреварувањето, а важна улога имаше и во продолжението, каде постигна пет поени и беше една од движечките сили кон важната победа.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Спорт

ВИДЕО: Македонските лавови од Австралија! Навивачите на Престон славеа голема победа

Published

on

Навивачите на Престон повторно ја покажаа својата страст и љубов кон фудбалот! Македонските лавови од Австралија приредија неверојатна атмосфера откако нивниот тим извојува победа од 2:0 против грчкиот противник. Со знамиња, песни и еуфорија, трибините беа обоени во црвено-жолти бои, испраќајќи јасна порака – вака се сака Македонија!

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Спорт

ФОТО: Поранешната тенисерка ги привлече сите погледи на Индијан Велс: Му испрати специјална порака на Ѓоковиќ

Published

on

За неа, тенисот како спорт одамна е минато, но, Украинката Ангелина Димова го користи во своја корист за промоција на социјалните мрежи!

„Тениската барбика“, како што ја нарекуваа некогаш, сега заработува како топ модел и блогерка, а на својот Инстаграм профил често објавува провокативни видеа и фотографии.

Димова веќе со години живее во САД, а ова патување на Индијан Велс го искористи за дополнителна промоција.

Таа привлекуваше погледи на трибините,појавувајќи се во атрактивна облека додека го снимаше тренингот на Новак Ѓоковиќ. Притоа, му испрати и порака, заедно со видео како Ноле игра.

“Новаче, те молам не стареј” – му порача Димова.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ во 2. коло (во првото имаше слободен круг) ќе игра против Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, кој е познат по тоа што ја заврши кариерата на Рафаел Надал.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк