Connect with us

Инфо +

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Утре без струја неколку села во Тетовско

Published

on

evn

Утре, четврток, 28 ноември 2024 година, неколку села во Тетовско ќе останат без снабдување со електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа. Од надлежните служби информираат дека прекинот е неопходен за подобрување на мрежата и апелираат до жителите да ги планираат своите обврски соодветно.

СИРИЧИНО, дел од с.Жилче, ШЕМШЕВО прекин од 08:00 до 14:30

ТЕНОВО, СТЕНЧЕ, ВОЛКОВИЈА

Краток прекин: 08:30

Краток прекин: 15:00

Македонија

Тетовчанка тешко повредена додека ги бранеше внуците од кучиња скитници

Published

on

bolnica tetovo

На 05.02.2025 во 14.50 часот во СВР Тетово, Ш.Х.(47) од Тетово пријавила дека околу 13.00 часот на улица „146“, заедно со нејзините внуци биле нападнати од неколку кучиња скитници и при обид да ги одбрани внуците паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Continue Reading

Македонија

СЕСТРАТА НА ФРОСИНА СО АПЕЛ: Не го објавувајте видеото

Published

on

Сестрата на Фросина Кулакова, Росица, вечерва се огласи на социјалните мрежи со апел до медиумите, институциите и целата јавноста.

Росица во објавата вели дека семејството на Фросина добило дојава дека адвокатот на Васил Јованов, Сашо Дукоски утре на прес-конференција планира да прикаже видео на кое, како што пишува таа, Васо вришти над телото на нејзината почината сестра.

-Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…, пишува Росица во апелот.

Continue Reading

Инфо +

Изет Меџити на Молитвениот појадок во Вашингтон: Зајакнување на партнерството со САД

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денешниот ден во Вашингтон го започна со учество на традиционалниот „Молитвен појадок“. Овој значаен настан собира политички лидери и влијателни личности од целиот свет, создавајќи простор за размислување, дијалог и градење на меѓусебни односи.

„Ова беше посебна прилика за мене, особено во напорите за продлабочување на партнерството со САД, нашиот стратешки сојузник,“ истакна Меџити.

Во рамките на својата посета на Вашингтон, тој активно работи на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет. Според него, вербата, вредностите и пријателството меѓу народите претставуваат мостови што ги поврзуваат државите и врз кои треба да се гради иднината на инклузивност и соработка.

Посетата на Вашингтон е дел од пошироките напори на Владата на Северна Македонија за унапредување на меѓународната соработка и продлабочување на релациите со партнерите од САД.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк