Connect with us

Македонија

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Published

on

-Европската групација за територијална соработка Преспа ќе ни овозможи ефикасно да соработуваме за да го заштитиме нашето заедничко наследство и да создадеме нови можности за просперитет на сите три страни на границата, истакна Стергиу. 

Меморандум за соработка за Преспанскиот басен, но и за формирање Европска групација за територијална соработка во прекуграничниот регион на Преспа меѓу општините Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат во Лемос, Грција четворицата градоначалници, а целта е општините од трите земји да се заложат за заедничката визија за одржлив развој, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство во конкретниот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

Домаќин на церемонијата закажана за претпладнево е општина Преспа, а освен градоначалниците на четирите општини, ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Михалис Рокас.

Иницијативата, како што информираа од општина Преспа, „има за цел да го направи Преспанскиот басен, кој со паркот Преспа стана првото прекугранично заштитено подрачје на Балканот, модел на иновативна прекугранична соработка и одржлив регионален развој за поширокиот регион“.

-Меморандумот ја поставува основата за зајакнување на соработката во области како што се одржливиот развој, заштитата на животната средина и зачувувањето на биодиверзитетот и културното наследство во регионот на Преспа. Во целите се вклучени подобрувањето на квалитетот на животот на жителите преку надградени општински и јавни услуги, колективно управување со природните и културните ресурси и справување со последиците од климатската криза. Дополнително, Европската групација за територијална соработка има за цел да го промовира регионот како туристичка дестинација врз основа на уникатното природно и културно богатство, информираа од општина Преспа во пресрет на потпишувањето на Меморандумот.

Дополнително, објаснија дека Европските групации за територијална соработка се меѓудржавни организации засновани на правото на Европската унија кои ја олеснуваат соработката помеѓу регионите, општините и јавните тела од различни земји-членки и земји кандидати.

Од делегацијата на ЕУ информираа дека поддршката на Европската унија за интегрирани и кооперативни пристапи за одржлив регионален развој во рамките на Преспанскиот басен е во согласност со регулативите 1082/2006 и 1302/2013 на Советот на ЕУ, но и дека регионот на Преспа веќе е корисник на финансиската програма „ЕУ за Преспа“ во вредност од 21,5 милиони евра, од кои 18 милиони евра, односно 84 отсто се обезбедени од Унијата.

Исто така, веќе се спроведуваат четири грантови доделени на локални граѓански организации и два договори за придонес потпишани со УНДП.

Дополнително, финансирање од ЕУ во износ од 7,7 милиони евра е достапно во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Северна Македонија за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Герман.

По потпишувањето на Меморандумот предвидена е посета на местото каде што од грчка страна ќе се гради токму овој граничен премин.

Градоначалникот на општина Преспа, Георгиос Стергиу во понеделникот посочи дека договорот меѓу четирите општини „не само што ја одразува колективната амбиција за регионот на Преспа, туку ја нагласува нашата посветеност за практични активности кои ќе ги подобрат животите на нашите граѓани“.

Европската групација за територијална соработка Преспа ќе ни овозможи ефикасно да соработуваме за да го заштитиме нашето заедничко наследство и да создадеме нови можности за просперитет на сите три страни на границата, истакна Стергиу. (МИА)

Македонија

Се забрануваат посети во болници

Published

on

Комисијата за заразни болести препорача мерки за да се спречи ширењето на грипот, поради што Министерството за здравство ги задолжи јавните здравствени установи да ги почитуваат.

Мерките подразбираат забрана на посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи заразата од грип во болнички услови; строго да се почитува редот во здравствените установи, особено во користењето лична заштита – носење заштитни маски, како и дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца секаде каде што е зможно.

-Мерките се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на пик на сезонскиот грип. Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи епидемиолошката состојба во државата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што е објавено на веб-страницата на Институтот за јавно здравје – Скопје, од трети до деветти февруари 2025 година во земјава се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Од пријавените, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од пет до 14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје се пријавени 692 заболени, во Струмица – 333, во Битола – 304, во Свети Николе – 158, во Охрид – 141, во Велес – 140, во Радовиш – 122, а во Кавадарци и во Куманово по 109 заболени.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити на државната церемонија за 17-годишнината од независноста на Косово: „Нашата поддршка никогаш нема да се разниша

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република Косово, организирана од претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти.

Во реакција по овој настан, Меџити ја истакна историската важност на независноста на Косово, нарекувајќи ја „доказ за непокорниот дух на Албанците“ и пример на инспирација за сите Албанци, вклучително и за оние во Северна Македонија.

„Косово е приказна за триумфот на посветеноста и жртвата за слобода и градење држава. Во овие 17 години, Косово направи значајни чекори во зајакнувањето на институциите и напредокот кон интеграцијата во Европската Унија. Овој пат е инспирација и за нас во Северна Македонија, каде што Албанците беа и остануваат клучен фактор во демократскиот и европскиот развој на државата,“ изјави тој.

Меџити дополнително нагласи дека поддршката за Косово отсекогаш била и ќе остане непоколеблива, потенцирајќи ја важноста на тесната соработка меѓу двете земји.

„Тесната соработка со Косово е должност и аманет од нашата заедничка историја. Само преку силни политички, економски и културни врски можеме да придонесеме за поодржлива, просперитетна и интегрирана иднина за целиот регион,“ додаде тој.

На крајот, Меџити ја честиташе Годишнината на независноста на Косово, изразувајќи желба „слободното знаме на Косово секогаш да се вее со гордост и достоинство“.

Continue Reading

Македонија

Јонуз: Внатрепартиски ветинг е исто како да правиш анкета, идејата на ДУИ е несериозна

Published

on

По неуспешното ребрендирање во зелена партија, сега нова агенда во Мала Речица. Откако дел од партискиот врв заврши американската црна листа, па дури и како беглаци од правдата, Демократската унија за интеграција најавува дека ќе им прави ветинг на највисоките партиски функционери – преку членовите на претседателството па се до локални ограноци.

Ветинг кој се прави зад затворени врати, не е реформа во која ќе поверува народот, коментираат за Алфа политички аналитичари. На ДУИ во 20 години на власт не им текна за проверката на партиските функционери, а сега се обидува да спаси глас повеќе пред локалните избори кои следуваат наесен.

  • ДУИ се обиде да се ребрендира. ДУИ отиде во опозиција, има добри луѓе таму, мене многу ми е жал што ќе треба уште пет пати да се ребрендира и да изнајдува нови „рибренд“ амбиенти за да покаже и докаже дека народот на следните избори ќе го качи на пиедесталот за најдобра партија. Они претпеја неверојатна штета со Артан Груби, неверојатна штета. Но и птиците на гранка знаат, дека еден човек во една партија не може да биде единствениот виновник. Што значи дека трулата стуктура, стуктурата која што се уште треба да биде ставен на тапет, се уште е во ДУИ внатре. Не може човек сам, институционално да краде и да прави проневери, иако додека не се докаже тој е невин, вели Агим Јонуз – Политички аналитичар. 

Секој ветинг кој нема да се прави пред очите на јавноста нема да ја врати довербата во ДУИ. Напротив, таквите најави се пресериозни, дури и за некој што сакал да покаже чесност во своите партиски редови. 

  • Ветинг кој не е правен институционален, консеквентен со последици и казни пред народот, на крај, не е ветинг. Мислам дека дури и малце е несериозно некој да каже ќе се прави ветинг внатре во партија, ете некој, сакал да покаже чесност. Да се разбереме, внатрепартиски што и да направиш, ти е исто како да правиш анкета, со која ќе излезеш пред јавноста, а си ја правел за свои потреби и за внатре во партијата за своја математика и своја употреба. Пресериозна и преголема тежина има зборот ветинг, да се каже дека ќе се прави внатре во партија, рече Агим Јонуз во изјава за Алфа.

Пред да замине во опозиција, челници од ДУИ бараа ветинг на сите македонски политичари, но според познавачите таквите изјави покажуваа дека по две децении на власт речиси и ништо не сработеле. Експрвиот дипломат Бујар Османи дури бараше секој кој сака да биде функционер во Македонија да добие одобрение од САД, ЕУ и НАТО. Но, откако заминаа во опозиција и повеќе партиски челници завршија на американската црна листа, се стишија во Мала Речица за ваквите предлози со кои се расфрлаа предизборно.

Демократската унија за интеграција пред четири дена најави дека започнуваат сеопфатен процес на реформи и ветинг, а ќе го предводи самиот врв на партијата на чело со Али Ахмети.  Ваквите најави од Мала Речица многу наликуваат на оние од пред четири години кога ДУИ најавуваше дека ќе станува зелена партија, но останаа само најавите и рекламните спотови.

Видео

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк