Connect with us

Македонија

Средба на министерката Божиновска, со амбасадорот на Кралството Шпанија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на обновливите извори на енергија и зелената енергија. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Кралството Шпанија ѝ ја дава на Северна Македонија, како во рамките на Европската Унија, така и преку различни билатерални иницијативи. Амбасадорот Сориано Ортиз ја потврди подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

„Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет,“ истакна министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на зајакнување на своето партнерство во различни области.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк