Connect with us

Македонија

КОН МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Попоски ги соопшти деталите

Published

on

Во текот на денешното попладне, како и во текот на претстојната ноќ, територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова многу голема влажна воздушна маса, која е во склоп со студената воздушна маса од север, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Во ваква ситуација, ќе има нови обилни врнежи, кои во западните, југозападните  и во северозападните предели од државава ќе бидат од дожд и снег во пониските места, понекаде и влажен снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка (се очекува нов снег од над 60/70 цм), додека на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 цм, додека снежна покривка во погоре споменатите предели ќе се формира и во повеќето градови, понекаде со висина од 10 до 20 цм, локално и повеќе.

Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси.

Што се однесува до Скопскиот регион, таму очекуваме врнежи од дожд, повремено од дожд и снег во делови од Скопската котлина, додека во повисоките предели од котлината, како и на околните планини ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 3 степени.

Апелираме, доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни со своите возила, поради очекуваните нови обилни врнежи од снег“, вели тој.

Македонија

Тетовскиот универзитет останува без еден од најдобрите професори?

Published

on

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, јавува Алсат.

Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство на професорот без да даде појаснување.

– Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет – изјави Сафет Емрули.

Адвокатот Сахит Зилбехари вели дека според Законот за работни односи ангажманот мора да се прекине доколку има тужба против вработениот.

Според него, прекинот треба да биде привремен до објавување на конечната одлука на судот. Работникот може да замине и на неоправдано отсуство.

Continue Reading

Македонија

Пожар во куќа во Скопје

Published

on

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

АПСЕЊЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ТЕТОВО

Published

on

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се појаснува во соопштението на МВР.

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк