Седум странски државјанки приведени во угостителски објект во Гостивар

На 30.11.2024 год во период од 00.00 до 02.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во Гостивар.

Поради злоупотреба на туристички престој биле приведени 7 странски државјанки; К.К.(49), A.П.(38), Џ.K.(27) и M.В.(39) сите од Р. Албанија, Ш.Г.(39) од Р. Косово, K.Х.(21) од Р. Украина и O.K.(28) од Р. Русија. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.