Connect with us

Македонија

Каде во Македонија навеа најмногу снег?

Published

on

Утрово најстудено е во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево, каде температурата е -2°C. Во Тетово, Охрид, Претор, Битола и Прилеп е 0°C, а 1°C се измерени во Дебар и Берово. Во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци има 2°C, додека во Скопје-Петровец, Велес, Штип и Демир Капија се бележат 3°C. Куманово и Струмица имаат 4°C, а 5°C се регистрирани во Крива Паланка и Гевгелија. Најтопло е во Виница со 6°C.

Во последните 24 часа, најмногу дожд наврнало во Демир Капија – 127 литри по квадратен метар, а значителни врнежи имаат и Попова Шапка (96 l/m²), Гевгелија (81 l/m²) и Кавадарци (79 l/m²). Во Прилеп се измерени 69 l/m², а во Битола 61 l/m². Други значајни врнежи се забележани во Пожаране (55 l/m²), Струмица (52 l/m²), Скопје-Петровец (48 l/m²), Штип (43 l/m²) и Маврови Анови (42 l/m²).

Снежната покривка е најголема во Маврови Анови (61 cm), следуваат Крушево и Попова Шапка со по 44 cm, додека во Дебар има 15 cm, Претор 14 cm, Берово 7 cm и Битола 4 cm.

Македонија

Струмица алармантно загадена, бремените жени и лицата над 60 години да останат дома

Published

on

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е надминат прагот на алармирање за присуство на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) во Струмица. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, како и временската прогноза добиена од Управата за хидрометеоролошки работи, загадувањето е алармантно.

„Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух. Тоа значи надминување на вредноста од 150 mg/m³ во текот на два последователни дена, што е евидентирано на 6-ти и 7 јануари,“ истакнуваат од Министерството.

Со цел да се справи со настанатата состојба, Министерството побара да се преземат итни мерки, меѓу кои: интензивирање на инспекциски надзори кај инсталации со А-Интегрирани еколошки дозволи и на инсталации со Б-Интегрирани еколошки дозволи и елаборати, континуиран мониторинг од страна на инсталациите со обврска за јавен пристап до податоците, контроли на возила, особено оние со дизел мотори и нерегистрирани возила, контроли на градилиштата и строга забрана за горење на отворено.

Дополнително, Министерството препорачува: ослободување од работа за бремени жени, лица постари од 60 години, како и за лица со хронични заболувања (астма, прележан инфаркт или мозочен удар), по препорака на матичен лекар, реорганизација на работното време за вработените на отворено, кои треба да работат во периодот од 11:00 до 17:00 часот, избегнување на активности на отворено, како спортски натпревари и културни манифестации.

„Оваа состојба бара одговорност и солидарност од сите. Ги повикуваме граѓаните да избегнуваат горење отпад, да ја ограничат употребата на возила и да користат еколошки алтернативи за затоплување,“ велат од Министерството.

И покрај преземените мерки, концентрациите на загадувачки честички остануваат високи, што ја става Струмица на листата на најзагадени градови во земјата. Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со интензивен мониторинг и дополнителни мерки доколку состојбата не се подобри.

МЖСПП ги повикува сите институции и граѓани за заедничко делување во борбата против загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Тетовскиот универзитет останува без еден од најдобрите професори?

Published

on

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, јавува Алсат.

Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство на професорот без да даде појаснување.

– Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет – изјави Сафет Емрули.

Адвокатот Сахит Зилбехари вели дека според Законот за работни односи ангажманот мора да се прекине доколку има тужба против вработениот.

Според него, прекинот треба да биде привремен до објавување на конечната одлука на судот. Работникот може да замине и на неоправдано отсуство.

Continue Reading

Македонија

Пожар во куќа во Скопје

Published

on

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк