Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го поминеме во знакот на значително постудено време за разлика од лани, како и со почести врнежи од дожд и снег.
Температурите овој декември ќе бидат околу, повремено и потпросечни, што значи дека може да очекува почести ладни продори од север, кои би условиле врнежи од дожд и снег, како и формирање, или зголемување веќе на постоечката снежна покривка на планините, како и на Скијачките центри.
Секако, во ваква ситуација во текот на овој месец секако дека очекуваме врнежи од снег и на пониските места (градовите) со оглед на тоа дека како што погоре најавив не очекуваат почести ладни продори од север.
Според долгорочното анализирање на времето, овие ладни продори првиот снег би го донесле и во Скопската котлина, но околу ова допрва ќе го анализирам времето, па така граѓаните на Скопје навремено ќе бидат информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во ниските делови од котлината.
Се на се, оваа година ќе имаме еден поинаков декември за разлика од минатите години, односно значително поладен и со повеќе дожд, снег како и со снежни идили
Осум часот наутро. Сомае Мецгер тропа на вратата на г-ѓа Пениг-Шоси и влегува. „Добро утро. Како си?“ вели медицинската сестра. „Добро утро“, одговара таа. Мари Хозе Пениг-Шоси има 94 години и веќе шест години живее во старечкиот дом „Оп Ламп“ во Васербилиг, Луксембург. Сомае Мецгер е 50 години помлада.
Сомае Мецгер ја облекува г-ѓа Пениг-Шоси, и помага да стане од креветот, ја сместува во инвалидска количка и ја носи во тоалет. По десет минути се враќаат во собата. Г-ѓа Пениг-Шоси сака сама да нанесе кармин, дури и ако негувателката ѝ помага држејќи ја нејзината веќе треперлива рака. Тие зборуваат за поранешната театарска кариера на постарата дама – понекогаш на германски, понекогаш на луксембуршки, сите зачинети со фрази на француски, пишува Дојче веле.
Пред речиси 20 години, Сомае Мецгер реши да ја напушти работата во германски дом за стари лица и да замине да работи во соседен Луксембург. Научила луксембуршки на курс организиран од нејзиниот работодавец. На 13 километри од нејзиниот дом во Трир, Германија, каде што живее со семејството, до нејзиното работно место, за што и се потребни едвај дваесет минути. „Не се покајав за мојата одлука ниту еден момент“, вели Мецгер.
Македонците очигледно се подготвени да ја платат секоја цена само да дојдат до свој дом. Иако, спротивно на сите очекувања, цените на недвижностите во нашата земја продолжуваат да растат, интересот за купување или поседување сопствен дом, односно сопствен стан не стивнува.
И најновите податоци на Народната банка на Македонија покажуваат нов раст на цените на недвижностите во земјава, и тоа за високи 10 проценти. Оваа година за разлика од претходните поскапувањето на становите и деловните објекти е со намалено темпо, но сепак, со оглед на зголемената основа, новото поскапување на недвижностите укажува дека цените „немаат плафон“.
За потсетување, согласно податоците на НБРМ во третиот квартал цените на недвижнините се зголемија за 8 проценти, што беше за нијанса пониско од вториот квартал кога поскапувањето достигна 11,5 проценти. Првиот квартал цените се зголемија за само 4,6 проценти, но од вториот квартал повторно има голем раст на цените на недвижнините.
Овој тренд на значително поскапување на имотите започна со четвртиот квартал во 2021 година, и продолжи низ цела 2022 година, кога становите поскапеа и најмногу, но трендот продолжи и во текот на минатата и оваа година. Како што покажуваат бројките крајот на минатата година и почетокот на оваа година се појавија знаци на стагнација на цените, но вториот квартал и третиот повторно има поскапување.
Сепак, и покрај растот на цените на становите, интересот за купување не стивнува. Пописот на населението од пред две години покажа дека од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени.
Но, и покрај високите бројки на празни станови, низ Македонија, а особено Скопје се гради со несмален интензитет. Упатените велат дека не очекуваат пад на цените поради фактот што не спласнува ниту интересот за купување станови.
Сопственик на една агенција за недвижнини во главниот град вели дека побарувачката е задоволителна, и не забележуваат знаци за намалување.
– Побарувачката е голема. Малите станови се продаваат веднаш, додека поголемите може да почекаат некој месец. Но, сепак, нема стан кој стои подолг период непродаден, затоа не очекувам намалување на цените. Можеби цените се превисоки, особено ако се земе предвид дека има станови кои се продаваат по цени над 2.200 евра, но, и тие се продаваат, поради што не очекувам трендот да се промени. Може ќе почнат да стагнираат, но намалување на цените не очекувам – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.
Македонските граѓани збунети и зачудени, велат цените се превисоки и прашуваат кој и како може да си дозволи да купува станови по актуелните цени.
– Добивме средства од денационализација, не станува збор за голема сума, но сакавме да ги инвестираме во стан. Сега сме искрено во недоумица што е попаметно. Прашувавме колку се становите низ центарот на Скопје, и останавме запрепастени. Имаше неколку градители, кои според мене и не се нешто познати кои ни побараа над три илјади евра, а еден и четири илјади евра за метар квадратен, под изговор дека гради ексклузивен луксузен објект. Не можам ни да замислам кој купува толку скапи станови, колку заработуваат за да платат толку високи цени. Со овие цени, немаме ниту за учество од сумата со која располагаме, а искрено не сакаме следните 30 години да плаќаме кредит, така што сега бараме нов начин за нивно инвестирање – вели еден четириесет годишен скопјанец, познат на редакцијата.
Економистите укажуваат дека „вложувањето“ на вишокот пари во недвижнини, или недостигот на идеи за инвестирање и „чување“ на парите во станови кои можеби ќе ги издадат, но кои важат за сигурна инвестиција, која не губи од вредноста е една од причините кои придонесуваат да растат цените на недвижностите. Поради ниските камати на депозитите, многу граѓани, наместо да ги оставаат парите во банки, купуваат станови, кои потоа ги изнајмуваат или ги чуваат за членови од семејството. Според експертите, оние граѓани кои немаат доволно за плаќање на становите комбинираат со кредити, но се заедно придонесува за нов раст на цените на недвижнините.
Градежниците пак признаваат дека во формирањето на цените на недвижностите не играат улога само трошоците за материјали и работна рака, туку дека голем уддел имаат и цените на парцелите, но и желбите на дел од градежните компании за големи профити.
– Ако цените зависеа само од трошоците тогаш ќе имавме исти цени за недвижности низ цела земја. Значи и цените на становите во Штип, Струмица, Кавадарци, Петровец и Илинден ќе бидат исто над две илјади евра, но не се. Во Скопје цените ги зголемуваат сопствениците на парцелите, кои многу ги зголемија цените, но и фирми кои сакаат со една градба да заработат многу. За многу приватници профитот е на прво место и тоа многу влијае врз цените – вели градежникот Никола Велковски.
Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред скап хотел, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.