Connect with us

Македонија

МВР вработува над 100 лица: Се бараат кандидати за различни позиции

ЈАВЕН ОГЛАС
Врз основа на член 71 и 72 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 127/16, 142/16, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.108/19, 275/19, 110/21 и 89/22), а во врска со Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/15, 203/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.125/22), Министерството за внатрешни работи, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

I. За прием на 101 извршител за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, од кои:

  • 48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и
  • 53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно образование во областа, и тоа за:
  1. Подрачје на Град Скопје (со седиште во Скопје)
    1.1 – 19 извршители со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност;
    1.2 – 9 извршители со завршено високо образование – Електро-технички факултет, Природно-математички факултет или факултет од областа на информатичката технологија;
    1.3 – 7 извршители со завршено високо образование – биологија, биохемија или хемија;
    1.4 – 4 извршители со завршено средно образование – електро-техничко образование и друго средно од областа на информатика, телекомуникации или електроника;
    1.5 – 24 извршители со завршено средно образование и
    1.6 – 3 извршители со завршено средно образование и возачка дозвола Б, Ц, Д и Е категорија.
  2. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Битола
    2.1 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Битола);
    2.2 – 4 извршители со завршено средно образование (со седиште во Битола) и
    2.3 – 2 извршители со завршено средно образование (со седиште во Прилеп).
  3. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Велес
    3.1 – 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Велес);
    3.2 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Кавадарци);
    3.3 – 1 извршител со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Неготино) и
    3.4 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Велес).
  4. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Охрид
    4.1- 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет, Економски или безбедност (со седиште во Охрид);
    4.2 – 2 извршители со завршено средно образование (со седиште во Охрид) и
    4.3 – 1 извршител со завршено средно образование (со седиште во Струга).
  5. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Струмица
    5.1 – 4 извршители со завршено високо образование – Правен, Економски или безбедност (со седиште во Струмица);
    5.2 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Струмица) и
    5.3 – 1 извршител со завршено средно образование (со седиште во Гевгелија).
  6. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Тетово
    6.1 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Тетово)
  7. Подрачје на Сектор за внатрешни работи – Штип
    7.1- 2 извршители со завршено високо образование – Правен факултет (со седиште во Штип) и
    7.2 – 3 извршители со завршено средно образование (со седиште во Штип).

II. Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните општи услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија,
  • да се полнолетни,
  • активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо,
  • да се здравствено и психофизички способни,
  • да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование,
  • со безбедносна проверка да е утврдено дека за истите не постои безбедносен ризик од вработување,
  • со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
  • да не се членови на политичка партија или членови на органи и тела на политичка партија и
  • да имаат положено тест за интегритет.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност) и
  • познавање на работа со компјутери.

III. Право на поднесување на пријава имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат општите и посебните услови. Заинтересираните кандидати заедно со пријавата потребно е да ги достават доказите за исполнување на пропишаните услови во оригинал или копија заверена на нотар, и тоа:

  • диплома или уверение за завршен степен на образование;
  • извод од матичната книга на родените;
  • доказ дека со правосилна пресуда не им е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки (доколку ги поседува) и
  • кратка биографија (CV).

IV. Кандидатите се должни уредно да ја пополнат и потпишат пријавата. Во пријавата, кандидатите задолжително го наведуваат подрачјето и редниот број за кој се пријавуваат.

Кон пријавата кандидатите може да достават мотивациско писмо во кое ќе ги наведат причините за аплицирање, очекувањата од работата и целите во кариерата, како и да приложат и други документи од нивен интерес.

Пријавата со потребната документација, кандидатите може да ја поднесат лично во едно од определените места за пријавување секој работен ден во текот на работното време (08:00 – 16:00 часот), и тоа:

  • За Сектор за внатрешни работи Скопје во:
    Полициска станица од општа надлежност – Гази Баба,
    Полициска станица од општа надлежност – Бит Пазар и
    Полициска станица од општа надлежност – Карпош.
  • Сектор за внатрешни работи Битола;
  • Сектор за внатрешни работи Велес;
  • Сектор за внатрешни работи Куманово;
  • Сектор за внатрешни работи Тетово;
  • Сектор за внатрешни работи Охрид;
  • Сектор за внатрешни работи Струмица и
  • Сектор за внатрешни работи Штип.
    Заинтересирани кандидати потребната документација заедно со пријавата може да ја поднесат и по пошта на адреса: ул.„Димче Мирчев“ бр.9, 1000 Скопје со назнака “за оглас за прием на 101 извршител“.

V. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција формирана од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи и Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи и истата се спроведува во следните фази:

  • административна селекција;
  • писмено тестирање (стручен тест);
  • психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест);
  • интервју;
  • безбедносна проверка и
  • здравствен преглед.

За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

Документот за докажување на државјанство на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.

VI. По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, како приправник за одредено работно место. Лицето се оспособува за самостојно и стручно вршење на работите со спроведување на обука во траење од девет месеци.

VII. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

VIII. Кандидатите се охрабруваат да ја посетат web страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, каде и ќе биде објавен јавниот оглас и од каде можат да ја преземат пријавата за вработување или истата може да ја подигнат на едно од определените места за достава на документација.

IX. Ненавремената, непотполната и несоодветната документација нема да се разгледува.

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

https://mvr.gov.mk/vest/33323

Advertisement

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг