Ново пукање во Чаир – има повредени

Попладнево се случил инцидент со пукање во близина на стадионот во скопската населба Чаир, објави ТВ21.

Според информациите на ТВ21, повеќе луѓе се ранети во инцидентот.

Еден од повредените е итно пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, објави телевизијата.

Во изминатите неколку недели имаше неколку инциденти со пукање во Чаир, во кои беа ранети неколку луѓе.