Connect with us

Македонија

Хајрулахи: Коцевски ги користи СИТЕ ЗАКОНСКИ И НЕЗАКОНСКИ можности за да се донесе одлука за бонусите на СЈО по негов терк

Published

on

Уште од кога почна да се врши притисок врз мене не потклекнав. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги користи сите законски и незаконски можности за да се донесе одлука по негов терк за бонусите на СЈО – вели во изјава за Република  доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи против кој ќе биде поведена дисциплинска постапка поради, наводно, утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство. 

Вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е поднесен предлог за дисциплинска постапка против Хајрулахи и јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски.

„Јавниот обвинител на Република Македонија ги разгледа записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и службените белешки во прилог, и врз основа на наодите за констатираните состојби одлучи до Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители да достави предлог за поведување дисциплинска постапка против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. Предлог за поведување дисциплинска постапка е поднесен и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, како и поради констатираните неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје“, соопшти вчера Коцевски.

За Хајрулахи е нелогично е да се таргетираат конкретни предмети. Спротивно на ставот дека Цветановски реферирал за донесена одлука пред него во три од наведените предмети, Хајрулахи тврди дека постапувал според упатствата на Јавното обвинителство, пред носење одлука за откажување од жалба или обвинение, обвинителот треба да реферира пред вишиот јавен обвинител за да има сознание за таквите одлуки.

Постапено е според Упатствата и за истите одлуки известен е и Републичкиот јавен обвинител. Постапено е онака како што е предвидено со Упатствата од јавното обвинителство. Видно вознемирен од предметот за Бонусите на СЈО, ообено откако неговата ќерка е фатена како изнесува документи од Јавното обвинителство, постапува со суспензии и дисциплински постапки. Сега на неговата иницијатива за поведување дисциплинска постапка ќе заседава комисијата во чиј состав влегува обвинителката Лиле Стефанова, таа е дел од надзорот, а истовремено е и дел од инволвираните во предметот Бонуси на СЈО. Во комисијата е и Стевчо Донев, обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип, кој исто така е дел од предметот Бонусите на СЈО. Апсурдно е ова што се случува – коментира Хајрулахи за Република.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк