Connect with us

Македонија

Кочани ќе плаќа дел од потрошената струја за социјално загрозените семејства во Старата касарна

Published

on

Семејствата во социјален ризик кои живеат во објектот на Старата касарна во Кочани ќе имаат по 100 киловатчасови електрична енергија месечно што ќе им бидат платени од општинскиот буџет. Потрошената количина над овој износ ќе мора сами да ја плаќаат или ќе бидат исклучени од електричната мрежа.

Одлуката за покривање на дел од трошоците за струја на 18 семејства едногласно ја донесе Советот на Општина Кочани на денешната седница, по предлог на советникот Аки Акиов. Притоа, беше заклучено одлуката да важи до трајно решавање на проблемот со домувањето на овие граѓани, кои главно се со ромска етничка припадност.

„Општината формираше комисија која направи попис на граѓаните кои живеат во Старата касарна, при што е утврдено дека се сместени околу 90 лица, од кои најголем број се малолетници. Со одлуката што ја донесе Советот, најдоцна до утре тие повторно ќе бидат приклучени на електричната мрежа. Одлуката за покривање на дел од трошоците за струја за нив од Буџетот на Општината ќе важи сѐ до вселувањето во таканаречените типски куќички, а што треба да почнат да се градат оваа пролет“, истакна советникот Акиов.

Семејствата во Старата касарна, што се наоѓа во централното подрачје на Кочани, живеат во супстандардни услови над две децении, а покрај електричната енергија, основен проблем им е снабдувањето со вода за пиење и недостигот од канализациски одвод.

Пред неколку години од државниот буџет беа обезбедени средства за изградба на објекти за нивно сместување на друга локација, но по реакција на месното население проектот беше запрен.

Македонија

Советот на јавните обвинители ќе расправа и одлучува за состојбите во вишото јавно обвинителство

Published

on

Денес во 10.30 Советот на јавни обвинители ќе расправа и ќе одлучува за состојбите во Вишото јавно обвинителство во Скопје.

Состанокот е закажан по правилата на Советот а се случува откако државниот обвинител Коцевски ги суспендираше двајцата виши скопски обвинители Јован Цветановски и Мустафа Хајрулаху.

Според државниот обвинител двајцата виши јавни обвинители носеле погрешни одлуки за четири случаи.

Коцевски во ревизијата на овие предмети ја прати Лиле Стефанова која што претходно била дел од случај за кој подоцна правела ревизија што е спротивно на законот.

Според други извори во обвинителството Коцевски врши прогон на двајцата обвинители затоа што тие бараат да се гонат обвинителите од екс Специјалното јавно обвинителство кои незаконски добивале екстра пари додека беа во СЈО.

Двајцата јавни обвинители кои се суспендирани од Коцевски тврдат дека милионските суми кои што ги добивале обвинителите од бившото СЈО се кривично дело.

Хајрулаху преходно обвини дека Коцевски е под контрола на група моќни јавни обвинители меѓу кои се Лиле Стефанова, Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Љубомир Јовески и други.

Continue Reading

Македонија

СНЕЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа од вторник, температурите уште ќе опаѓаат

Published

on

Влијанието на ладната воздушна маса која продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент останува  и во следниот период и ќе условува ладно време. Сепак, во вторник (11 февруари) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда (12 февруари) од запад во Македонија ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во некои пониски места, особено во Повардарието, како и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и од снег, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопскиот регион со овој бран ќе има врнежи од дожд и од снег, или појава на врнежи од влажен снег.

На повеќе места во западните предели ќе се формира снежна покривка  и во градовите, додека на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тендсенција на понатамошно опаѓање  и на повеќе места ќе се само за некој степен над нулата, или околу нулата, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или само за некој степен над 5 степени. Наутро пак за време на овој период температурите ќе бидат на повеќе места негативни, односно под нулата.“, објави тој.

Continue Reading

Македонија

КАЛАЈЏИЕВ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ПРЕСУДАТА ЗА ЈОВАНОВ: „Апелација побрзала да си ја спаси кожата“

Published

on

Професорот Гордан Калајџиев деновиве ја коментираше пресудата за момчето Јованов, кое ја прегази Фросина Кулакова.

„Апелација побрзала да си ја спаси кожата“, напиша професорот по Кривично Право.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк