Connect with us

Спорт

Мурињо го сака Елмас во Фенербахче

Постои шанса Елиф Елмас да се врати во Фенербахче во јануарскиот преоден рок, Жозе Мурињо дал зелено светло за реализација на трансферот.

Елмас не се изнаигра во Лајпциг откако таму отиде како големо засилување од Наполи за трнсфер вреден дури 25 милиони евра.

Лајпциг е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец, можеби и да го позајми, а еден од кандидатите за неговиот потпис е Фенербахче.

Елмас токму од Фенербахче за 16 милиони евра направи трансфер во Наполи, во турскиот клуб многу добро ги знаат неговите квалитети, а навивачите уште ги пратат неговите игри.

Мурињо дал зелено светло за реализација на трансферот, сака да го засили тимот со Елмас, па останува да се види дали ќе се случи една ваква зделка во јануари.

Advertisement

Спорт

Македонија стана полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација

Македонската ракометна федерација (РФМ) денеска објави дека нашата земја е примена како полноправна членка на Медитеранската ракометна конфедерација. Досега Македонија имаше статус на придружна членка.

Одлуката беше донесена на седмиот конгрес на Медитеранската конфедерација, кој се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во Каиро, Египет.

Следната година македонските ракометарки и ракометари ќе имаат активна улога на меѓународната сцена. Пионерките ќе учествуваат на Медитеранскиот шампионат во февруари во Приштина, додека кадетите ќе настапат во април во Словачка. Сениорите ќе се борат за медалите на Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

Continue Reading

Спорт

Омерагиќ: Посетата на Мамадов отвора нова фаза за македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека посетата на Мамадов претставува силна потврда за одличната соработка со ФИФА и континуираната поддршка што федерацијата ја добива во реализацијата на стратешките цели, со посебен акцент на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции.

Омерагиќ најави дека веќе се договара и посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година, што дополнително ќе ја зацврсти соработката и ќе отвори нови можности за развој на македонскиот фудбал.

Тој нагласи дека ФФМ останува целосно посветена на принципите што се од клучно значење за ФИФА – транспарентност, одговорност и долгорочен развој на фудбалот на сите нивоа во Македонија.

Continue Reading

Спорт

ФФМ и Масар Омерагиќ со честитка до Шкендија за европскиот успех

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.


Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех е резултат на професионален пристап, изразен тимски дух и јасна амбиција за докажување на меѓународната сцена. Воедно, пласманот на Шкендија се посочува како значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во европските натпреварувања.


„Успехот на Шкендија е потврда за квалитетната работа на клубот и неговото претставување надвор од границите на државата“, се наведува во честитката од Фудбалската федерација.
ФФМ им посака на фудбалерите и на стручниот штаб на Шкендија успешни и квалитетни настапи во продолжението од европската кампања, со надеж дека клубот ќе продолжи достојно да ја претставува Македонија на меѓународната фудбалска сцена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг