Connect with us

Македонија

ФИНКИ и ФФК конечно ќе се доградат

Published

on

Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) и на Факултетот за физичка култура (ФФК), конечно ќе добијат згради. Објектите кои беа недоградени повеќе од 7 години кај комплексот факултети, ќе бидат доградени од новата власт.

Ова го соопшти директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски.

Томовски изјави дека за овие објекти веќе е разговарано со Министерството за образование и се работи на отстранување на сите пречки за да може да продолжи градбата.

„Во тек се измените на Законот за градба, каде треба да се предвидат одредени членови со кои ќе може да продолжи градбата оти поминати се 10 години од почетокот на градежните работи. Штом се отстранат тие пречки, ќе се почне постапката за довршување на двете згради. Очекуваме догодина да се распише тендер за доградба и да почнат градежните работи“, вели Томовски, прене се СДК.

На овие два згради шест години нема никакви градежни работи откако фирмата „Бетон Штип“ отиде во стечај, а претходната Влада не направи ништо за да добијат свои простории студентите на овие два факултета.

И додека поважно е да се доградат за конечно овие два факултети да имаат згради, некои се занимаваат каков изглед ќе имаат, па и за тоа има одговор, да не се секираат нема да бидат барок, туку модерни фасади.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк