Connect with us

Македонија

Обвинителството се изживуваше врз пријавените во случајот „Делчевски ниви“

Случаот „Делчевски ниви” се чини беше уште една распрсната лага на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и неговата политичка партија. Случајот заврши без докази за сторено кривично дело, односно истрагата се прекина.

По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказот на осомничените, како и сите обезбедени материјали, во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“ – стои во обвинителската одлука.

Година дена подоцна сега веќе суспендираниот виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи го коментира овој предмет. Вели овој предмет бил чист граѓанско-правен предмет, а од страна на јавни обвинители имало изживување врз пријавените.

Имаше изживување врз тие пријавени од страна на јавното обвинителство. Тоа беше чист граѓанско-правен однос и така и заврши. Имаше наредба за запирање заради тоа што е граѓанско-правен однос. Така и заврши тој прдме. Имаше притвори, имаше после тоа за некои луѓе мерки за претпазливост, тие пријавени имаа блокирани сметки, тие пријавени беа шиканирани пред јавноста. Како тоа, му текнало да води предмет против тие од Делчевски ниви, за после не знам колку време да се донесе одлука за запирање на кривичната постапка. Тоа беше изживување – коментира Хајрулахи

Во поткастот Претрес, запрашан дали тој бил директно поврзан со случајот „Делчевски ниви“ тој вели:

Мене како виш јавен обвинител, законот за јавно обвинителства, правилникот за внатрешно работење и задолжителните упатствата ме обврзуваат да барам информации по однос на предмети за конкретни кривично-правни настани, а се со цел, понискиот јавен обвинител да знае дека е под опсервација на повисокиот јавен обвинител за да не злоупотребува мерка притвор, мерка на претпазливост, мерка на блокирање на сметки. Пониските јавни обвинителства се обврзуваат секојдневно да го известуваат непосредно повисокиот јавен обвинител за сите предмети кои се од интерес на јавноста. Мене ме задолжува законот да барам информација. Тоа не е мешање во работата, не му се мешам како да постапува, туку ме интересира зошто се направени одредени чекори, зошто е баран и даден притвор или се блокирани сметки. Барав информации за предметот што е согласно закојот, правилникот и упатствата – коментира Хајрулахи.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг