Connect with us

Македонија

ВЛЕН: И СДСМ почна да бега од ДУИ – каде што допира ДУИ, ни трева не никнува

Published

on

„СДСМ конечно ја прифати она што граѓаните одамна го знаат, Унијата за девалвација на институциите (ДУИ) е тежок товар за секое партнерство и машина која произведува само кризи и корупција. По години сервилност и обиди да ја заштити оваа трула партија, СДСМ сега прави задоцнет чекор кон оградување од ДУИ, јавно извинувајќи се за неуспесите“, велат од ВЛЕН.

„ДУИ не е само изолирана од граѓаните и гласачите, туку и од нејзините доскорешни партнери. Оваа партија, која 22 години ги нарушува сите норми на доверба создавајќи систем во кој доминираат криминалот и корупцијата, повеќе нема место во политиката. Не може да има соработка со партија која ја уништи секоја институција до која имаше пристап, оставајќи ја државата заглавена во ќорсокак, а граѓаните разочарани. ДУИ докажа дека каде што ќе допре, ни трева не никнува!

ДУИ, која две децении ги разочаруваше граѓаните и изгради систем на корупција и злоупотреби, денес остана само со еден партнер во криминалот: Никола Груевски. Со нивните оркестрирани обиди за дестабилизација за време на ноемвриските празници, оваа исцрпена клика уште еднаш покажа дека е подготвена да го жртвува стабилноста и интересот на граѓаните само за да ги заштити сопствените гревови.

Времето на ДУИ заврши! Време е оваа разбиена и изолирана клика, која го држеше развојот во заложништво и предизвика стагнација, конечно да биде минато. Ние, како коалиција ВЛЕН, сме посветени на праведна иднина и политика која е во служба на граѓаните, а не на тесните интереси на политичките клики“, соопшти ВЛЕН.

Македонија

ЦУК предупредува на снежниот бран што доаѓа викендов: Еве ги препораките

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека УХМР прогнозира за наредните денови дека следува студен бран со врнежи од снег.

„Истовремено, се потсетува дека, согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата се планираат патувањата, а пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, согласно информациите од надлежните институции и служби. Конкретно, УХМР прогнозира дека во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе бидат од снег и наместа ќе бидат пообилни“, информираат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека на повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе останат под нула. Во Скопје во сабота ќе има повремени врнежи до дожд, а на околните планини од снег. Во недела ќе биде облачно и студено со умерен до засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег. Се очекува да се формира помала снежна покривка.

Continue Reading

Македонија

Спиење во хотелот пред кој Мијалков паркира Ферари чини 70 минимални македонски плати

Published

on

Една вечер спиење за двајца пред Hotel De Paris Monte Carlo Monako пред кој во видеото на Скопје1 паркирал екс директорот на УБК Сашо Мијалков чини 35 просечни или 70 минимални македонски плати.

Поинаку кажано ако сакате да резервирате едно спиење за двајца утре вечер во луксузниот хотел ќе ве чини колку годишна плата на висок македонски функционер.

Висок македонски функционер на ранг на министер добива околу 2000 евра месечно.
Доколку Мијалков го паркирал своето Ферари кое чини до 700 илјади евра за да преспие во хотелот каде што се упатува тогаш на располагање има различни соби од чии цени просечен Македонец ќе го заболи главата.

Најевтината соба во хотелот е 902 евра.

Најскапата во која што можат да се сместат 6 лица чини неверојатни 25 илјади евра.

Засега нема информации дали Мијалков бил сместен во хотелот или само го посетил ресторанот кој е исто така од светска класа.

Извор: ШилоМагазин

Continue Reading

Македонија

МВР со апел до граѓаните, еве на што да внимавате

Published

on

Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства.

Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека за манипулација со повици можат да се користат повеќе алатки како што се:

1. VoIP Услуги: Услугите за глас преку интернет протокол (VoIP) овозможуваат корисниците да вршат повици преку интернет. Многу провајдери на VoIP нудат функции како пренасочување на повици, маскирање и рутирање преку виртуелни броеви.
2. Апликација за лажирање: Софтвер и апликации, како “SpoofCard” или слични алатки, овозможуваат корисниците да го изменат Caller ID што се прикажува. Овие алатки се често промовирани за приватни или деловни цели, но може да бидат злоупотребени.
3. PBX Системи (Приватни Разменувачки Мрежи): Бизнисите користат PBX системи за управување со дојдовни и излезни повици. Овие системи можат да пренасочуваат повици преку различни броеви и да го изменат Caller ID за професионални цели.
4. SIM Замена: Се однесува на измамнички техники каде што напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на друга SIM картичка за да пресретнат повици и пораки.

Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до јавноста:

• Да бидете претпазливи при примање на телефонски повици од непознати броеви или од броеви кои се претставуваат како доверливи институции.
• Никогаш да не споделувате лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон.
• Доколку се сомневате дека сте биле жртва на ваква измама, веднаш да го пријавите случајот во најблиската полициска станица.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк