Connect with us

Македонија

Осми Светиклиментов научен собир на тема „Мирот Божји и мирот човечки“

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска го организира Осмиот Светиклиментов научен собир. Темата на собирот, што ќе се одржи во Свечената сала на Факултетот, е „Мирот Божји и мирот човечки“.

– Поимот за мирот во православното богословие го надминува неговото вообичаено разбирање како строго општествен феномен, доминантно во современиот начин на користењето на овој поим. Воедно, тој не може да се исцрпи ниту со императивот на „внатрешниот мир“, својствен за современите спиритуални и популарно-психолошки движења. Наспроти редукционистичките тенденции во современата мисла, богословскиот концепт за мирот поседува сеопфатно значење, кое тргнува од доменот на онтологијата и ги одредува главните контури на православната антропологија, еклисиологија, етика, аскетското и литургиското богословие. Во Светото писмо, мирот се асоцира со Бога и спаѓа меѓу почесто спомнуваните библиски зборови. Во преданието на Црквата, пак, мирот е едно од божествените имиња, кое се сретнува во основните патристички извори, како што се на пр. ареопагитските списи. Мирот се јавува и како носечка тема во највозвишените дострели на црковната уметност и архитектура, а исто така и во химнографијата и црковната музика. Поседувајќи вакво сеопфано богословско значење, поимот за мирот се транспонира во доменот на световното, фрлајќи нова светлина врз современата философија, книжевноста, социологијата, политичките науки, психологијата, педагогијата итн, наведуваат организаторите во најавата за собирот.

Преку богословско обосновување на прашањето за мирот, Осмиот Светиклиментов научен собир ќе се сосредоточи врз неговите актуелни интерпретации во различните сфери на световното знаење и наука. Како традиционален настан од интердисциплинарен тип, годинашниот Собир ќе се погрижи да иницира дијалог меѓу научници и истражувачи засегнатите области.

Advertisement

Македонија

Дали „Сејф Сити“ функционира при густа магла? Експертите за bulevar.mk објаснуваат како работат камерите во лоши временски услови

Деновиве, поттикнати од енормно густата магла која ја зафати земјава и значително ја намали видливоста, граѓаните сè почесто се прашуваат дали системот „Сејф Сити“ на МВР функционира непречено и дали камерите навистина можат да ги регистрираат сообраќајните прекршоци во вакви услови.


Според ИТ и безбедносни експерти кои ги контактираше bulevar.mk, современите системи за видео-надзор не зависат исклучиво од визуелната слика видлива за човечкото око.

Камерите што се користат во рамки на „Сејф Сити“ се опремени со високосензитивни сензори, инфрацрвена поддршка и алгоритми за обработка на слика, кои овозможуваат работа и при намалена видливост.
„Густата магла може да ја намали јасноста на класичната слика, но системите за автоматско препознавање регистарски таблички (ANPR) користат инфрацрвен спектар и специјални филтри кои овозможуваат читање на таблиците дури и кога човек тешко гледа“, објаснуваат ИТ-експерти запознаени со вакви технологии.


Тие посочуваат дека маглата има поголемо влијание врз општите камери за мониторинг, но помало врз камерите наменети за детекција на брзина, минување на црвено светло и други прекршоци, бидејќи овие системи се потпираат и на радарски и сензорски податоци, а не само на видео-сликата.


Од аспект на сообраќајната безбедност, експертите нагласуваат дека токму во услови на магла е уште поважно системот да функционира, бидејќи ризикот од сообраќајни незгоди значително се зголемува. „Во вакви услови возачите мора да бидат двојно повнимателни, а автоматските системи имаат превентивна улога – да потсетат дека контролата е постојана“, велат тие.


Сепак, стручњаците укажуваат дека во екстремни услови на многу густа магла или обилни врнежи, можно е дел од снимките да бидат со намален квалитет, поради што секој регистриран прекршок мора дополнително да биде верификуван пред да резултира со казна, согласно законската процедура.


Од МВР досега информираа дека „Сејф Сити“ работи континуирано и дека системот е дизајниран да функционира во различни временски услови, вклучително и магла, дожд и ноќни услови.


Експертите заклучуваат дека, иако технологијата е напредна, најважниот фактор за безбедност останува однесувањето на возачите, особено во услови на намалена видливост, кога секое непочитување на сообраќајните правила може да има сериозни последици.

Continue Reading

Балкан

Познати деталите од трагичниот настан во Србија каде двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград–Ниш

Двајца граѓани на Северна Македонија го загубија животот во сериозна сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград–Ниш во Србија, потврдуваат српските медиуми и првичните информации од местото на настанот.


Несреќата се случила кај клучката Умчари, кога возило марка „Сеат“ со германски регистарски ознаки излетало од коловозот, при што силата на ударот била фатална за двајцата патници што седеле на предните седишта. Телата на мажот и жената, за кои е потврдено дека се македонски државјани, биле извлечени од урнатиот автомобил.


Според неофицијалните информации, во возилото имало уште едно лице – патник кој го преживеал ударот, но со тешки повреди бил пренесен во болница на понатамошна медицинска грижа. Причините за несреќата сè уште се истражуваат од српските сообраќајни служби.


Несреќата предизвика загриженост кај јавноста и семејствата на загинатите, а надлежните органи најавија дека ќе продолжат со увид на местото на настанот за да утврдат дали околностите како условите на патот или временските услови влијаеле на случувањата.
Овој трагичен инцидент доаѓа во време кога граѓаните кои патуваат меѓу земјите на Балканот често користат автопатот Белград–Ниш како главна сообраќајна артерија, но истовремено ја потсетува јавноста на потребата од зголемена претпазливост на патиштата.

Continue Reading

Инфо +

Др. Беќаровски со совет за заштита од PM2.5 и PM10: План за детоксикација во денови со екстремно загадување

Во услови на зголемено аерозагадување и енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички, кои деновиве се регистрираат во повеќе градови низ земјава, доктор по медицина сподели едноставен совет и план за намалување на негативното, канцерогено влијание врз организмот.


Според препораката, целта не е целосно да се неутрализира загадувањето – што е невозможно без системски мерки – туку да се минимизира штетата врз респираторниот и имунолошкиот систем преку природна поддршка и хидратација.
Во рамки на предложениот дневен план се советува:


Наутро: чај од диво оригано со додатоци за поддршка на имунитетот
Пред ручек: зелен чај во комбинација со витамин Д (1000 ИЕ)


Навечер: чај од ѓумбир и куркума или бел слез, повторно со природна имунолошка поддршка
Дополнително, се препорачува во текот на денот да се внесуваат најмалку два литра млака вода со лимон, а кај лица без висок крвен притисок – и дополнителна чаша зелен чај.


„Ако загадувањето не може да се спречи, тогаш барем може навремено да се ублажат неговите последици врз здравјето“, се наведува во пораката.
Во објавата се посочува и загрижувачки податок дека околу 65% од возрасната популација во Македонија пуши, при што просечно месечно издвојува околу 4.500 денари за цигари, што дополнително го зголемува ризикот од респираторни и канцерогени заболувања во комбинација со загадениот воздух.


Медицинската фела и здравствените експерти постојано апелираат дека во денови со високо присуство на PM честички, граѓаните треба да избегнуваат подолг престој на отворено, да користат заштитни маски кога е потребно и да водат грижа за јакнење на имунитетот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг