Connect with us

Македонија

ПАНИКА МЕЃУ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ТВРДАТ ДЕКА НЕМА ДА ИМ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ АВТОБУСКИТЕ БИЛЕТИ: Кушовски негира

На социјаните мрежи веќе наголемо се шири панична вест помеѓу пензионерите, дека ЈСП повеќе нема да им ги продолжува пензионерите билети.

„Во автобусот на ЈСП на Автобуска станица, ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРОДОЛЖУВААТ АВТОБУСКИТЕ КАРТИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ. ОД НОВА ГОДИНА НЕМА ДА ВАЖАТ!!!“, вели една членка на групата Стари скопјани.

На тврдењето дека ова е дезинформација, истата членка реагира дека со свои очи видела: Ова не е “дезинформација, слушна во бус” ЈАС лично ја видов! Проверете: на вратата на автобусчето каде што се продолжуваат авт.карти – стои истото соопштение, напишано со крупни црвени букви!!!

„Точно, во автобусот на ЈСП на Железничка станица НЕ СЕ продолжуваат автобуските карти за пензионерите“, вели друг член кој се надоврза на постот.

„Пробајте да ги продолжите кај Капитол и ќе ви одговорат дека не ги продолжуваат веќе. Одбиен сум“, вели друг член на групата.

Фактор се јави кај директорот на ЈСП, Драги Кушовски да провери дали информацијата е точна.

Тој вели дека можеби во моментот не можеле да извадат.

„Билетите важат до крајот на годината. Од нова година ќе важат нови. Можеби во  моментот не можеле да ги продолжат, не би можел ништо да коментирам понатаму“, рече тој за Фактор.

Пензионерите на располагање имаат месечен билет за 300 денари, кој важи за сите линии и релации во Скопје.

Извор: фактор.мк

Advertisement

Македонија

Народната банка го објави конкурсот за годишната награда за млади истражувачи

Народната банка на Република Македонија ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Целта на оваа награда е да го стимулира развојот на научната мисла, да ја поттикне изработката на висококвалитетни истражувачки трудови во клучните економски дисциплини, како и да ги афирмира талентираните млади стручни кадри во земјата.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија кои не ја надминале 35-годишната возраст.

Клучни барања за трудовите:

  • Трудот мора да содржи осврт на македонската економија.

  • Максимален број на знаци е 80.000 карактери, со препорака за почитување на стандардна научна структура.

  • Трудовите може да бидат поднесени на македонски, албански или англиски јазик.

  • Секој автор може да поднесе само еден труд.

Дозволено е да се конкурира со веќе објавени истражувања, под услов да не се објавени пред 1 јануари 2026 година.

НБРМ гарантира дека сите доставени трудови ќе бидат третирани како доверливи материјали.

Критериумите за вреднување вклучуваат повеќе аспекти, со посебен акцент на: релевантноста на темата, квалитетот на анализата, методолошкиот пристап и јасноста на заклучоците.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2026 година.

Предвидени се значајни парични награди за најуспешните истражувачи: Прворангираниот труд ќе биде награден со 130.000 денари, додека пак второрангираниот труд со 65.000 денари.

Пријавувањето се врши електронски. Трудот во ворд-формат, заедно со кратка биографија на авторот, треба да се достави на следната е-адреса: konkurs@nbrm.mk, со задолжителна назнака: „За Годишната награда на Народната банка“.

За подетални информации, целиот текст на Конкурсот е достапен на веб-страницата на Народната банка.

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Continue Reading

Македонија

Хаос на патиштата: 6.151 казна и 44 приведени за само 9 дена – полицијата апелира на внимателност

Полициската акција на патиштата низ земјава ги покажува застрашувачките резултати од недисциплината во сообраќајот. Во првите девет дена од декември, МВР удри по педалата, евидентирајќи неверојатни 6.151 сообраќаен прекршок.

Најострите мерки се насочени кон оние кои најдиректно ја загрозуваат безбедноста. Вкупно 44 лица се лишени од слобода за насилничко управување на возило, согласно Член 297-а од Кривичниот законик. Меѓу нив, 33 возачи се фатени како возат под дејство на алкохол, директно претворајќи ги своите возила во смртоносно оружје.

Покрај пијаните возачи, на “црната листа” се најдоа двајца возачи кои возеле во забранет правец, и девет лица фатени во брзи трки: пет во населено место и четворица надвор од него, јасно игнорирајќи ги ограничувањата.

Издадени се 6.151 платни налози, а анализата на прекршоците открива фрапантни бројки:

  • Брзина – Апсолутен Рекордер: Со 1.573 казни, брзото возење останува најголем проблем на македонските патишта.

  • Хаос на Паркинзите: Евидентирани се 1.511 прекршоци за непрописно паркирање.

  • Возење Без Дозвола: 620 возачи се фатени како возат без да поседуваат возачка дозвола.

  • Игнорирање на Правилата: 173 санкции за возење под дејство на алкохол и 39 казни за минување на црвено светло.

  • Заборавениот Појас и Мобилниот: 349 учесници не користеле сигурносен појас, а 214 возачи зборувале на мобилен телефон.

Полицијата дејствуваше и на терен: 119 возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, а 62 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 28 возачи со непрописно затемнети стакла.

Полицијата соопштува дека контролите нема да престанат. Апелот е јасен и остар: Почитувајте ги правилата! Безбедноста на патиштата е одговорност на секој поединец.

Continue Reading

Македонија

Драстичниот пад на просечното македонско семејство буди загриженост, просекот паѓа од 5 на 3 члена

Бројот на членови во македонските домаќинства се намалува со загрижувачка брзина, фрлајќи силна светлина врз длабоката демографска криза во земјата. Податоците од последните пописи се јасен показател: некогашните бројни семејства се претворија во мали, честопати „осамени“ заедници.

Според Пописот 2021, просечното македонско домаќинство денес брои само 3.07 члена. Ова е драстично различно од она што го памети историјата:

  • 1931 година: Просечното домаќинство било составено од повеќе од 5 члена.

  • 1971 година: Бројот паѓа под 5 члена.

  • 1991 година: Просекот е сведен на 4 члена.

Денес, најбројни се двочлените домаќинства, кои учествуваат со 26.85 отсто во вкупниот број. Овој надолен пад на семејствата, според експертите, е аларм за лошата демографска состојба.

Демографот Дончо Герасимовски е дециден: просекот од три члена е јасен показател за длабока криза.

„Пред неколку децении имало повеќедетни семејства со 8 или 9 деца, но од година во година сѐ помал е бројот на семејства со по 5 деца. Имаме стотина населени места со самци. Стареењето на населението е еден од факторите кој довел до тоа. Младото население се иселува, а бројот на живородени деца наместо кај нас да се зголемува, се зголемува надвор од границите на државата.“

Во 2024 година, околу 6.000 деца се родени во странство, бројка која континуирано расте. Најголем број семејства имаат само 1 или 2 деца, што не овозможува ни проста репродукција на населението. Сѐ подоцна се склучуваат браковите, со зголемување на возраста над 25 или 30 години, што автоматски го намалува бројот на живородени деца.

Според Државниот завод за статистика, домаќинството е дефинирано како економска категорија – група лица што живеат заедно, во ист стан, и заеднички ги трошат приходите. Тие може да бидат самечки, повеќечлени, семејни, несемејни или комбинирани.

Од вкупно 538.348 семејства регистрирани со Пописот 2021:

  • 43.39 отсто се семејства на брачен пар со деца.

  • 31.12 отсто се брачни парови без деца.

Интересни се податоците за самохраните родители:

  • Најмногу сами мајки со деца има во Општина Желино (9.64 отсто).

  • Најголемо учество на сами татковци со деца е регистрирано во Општина Шуто Оризари (2.7 отсто).

Македонија се соочува со сериозен предизвик: како да се спречи овој тренд на намалување на семејствата и како да се поттикне наталитетот пред земјата дефинитивно да влезе во зоната на неповратна демографска ерозија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг