Connect with us

Скопје

Промена на возниот ред – ЈСП со важно известување за граѓаните

Published

on

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека во понеделник (09.12.2024 год), поради државниот празник Св.Климент Охридски автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од таму додаваат дека жичницата ќе функционира вообичаено.

„Работно време на жичницата е од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.“, додаваат од јавното сообраќајно претпријатие.

Скопје

Жени се тепале пред продавница во Скопје

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

Земјотрес во Скопско

Published

on

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва во 18,44 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 25 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5. 

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во информацијата на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Синоќа во 23,12 часот земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на 24 километри северозападно од Скопје.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Да се дарува значи да се помогне од срце и да се сподели радоста на празникот

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, го одбележа Бадник со хуманитарна акција, помагајќи многу семејства во општината да имаат достојна Божиќна вечера.

„Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести – солидарноста, хуманоста и грижливоста. Да се дарува значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно,“ изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи ја важноста на заедништвото и помошта за оние на кои им е најпотребна.

Тој истакна дека сите граѓани заслужуваат прекрасен Бадник и Божиќ и дека токму ваквите иницијативи ја одразуваат вистинската смисла на празниците – љубовта, грижата и солидарноста.

„Заедно ќе бидеме кога е потребно, заедно ќе успееме во нашите напори Македонија повторно да биде горда земја, во која сите граѓани се среќни да живеат,“ порача Ѓорѓиевски.

Градоначалникот упати честитки до сите православни верници, посакувајќи им здравје, среќа и радост во нивните домови за Божиќните празници.

„Да сте живи и здрави! За многу години!“ – додаде тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк