Connect with us

Македонија

Успешно засадена „Сончева гора 2024“

Трета година по ред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми посветуваат по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Денеска се пошумени последните 3.500 садници од вкупните 51 хектари (црн бор, бел бор и Аризона Чемпрес), засадени од страна на Национални шуми. Ова пошумување е именувано СОНЧЕВА ГОРА.

Државниот советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева, истакна:

„Оваа година во буџетот на Министерството се издвоени околу 20 милиони денари за пошумување. Но, програмата што ја опфаќа Министерството не е само пошумувањето, туку и чистење на површините од пожарите од оваа година, мељорација, заштита односно третирањето, преглед на садниците што се произведуваат“.

Директорот на  ЈП Национални шуми, Здравко Трајанов изјави:

„Пошумувањето значи влог во иднината, влог во екологијата. Како Јавно претпријатие задолжено за шумите една од заложбите е пошумување на голините на стручен начин и да имаме поголема успешност на растењето на дрвјата. Им благодарам на сите волонтери денес што придонесоа денеска во пошумувањето на последните неколку илјади садници на бел бор, црн бор и аризонски чемпрес од вкупно 51 хектар што веќе ги пошумивме според програмата за проширено пошумување“.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е најголемата еколошка акција во нашата земја, организирана од „Мен енд Маунтен“ заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Како главен стратешки партнер на иницијативите „Генералка Викенд“ и „Сончева Гора“, горди сме што Пивара Скопје веќе трета година по ред ги поддржува најголемите национални еколошки акции за пошумување и за собирање на отпад. Тие ги одразуваат нашите компаниски заложби за “Свет без отпад“ и нула емисии на CO2 во атмосферата до 2040-та година. Она што особено ме радува е дека повторно голем дел од нашиот тим Пиварци се пријавија доброволно да учествуваат во оваа акција. Тие се вистински амбасадори на вредностите на Пивара Скопје за одржливост. Со поддршка на вакви акции сакаме да инспирираме и други слични иницијативи и да влијаеме на промена на јавната свест за почист и поодржлив свет“, вели Снежана Савиќ Димовска, директор за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

Државниот секретар за животна средина и просторно планирање, Ресми Ејупи изјави:

„Ги поздравувам сите партнери и сите учесници во акциите, бидејќи сите овде нѐ обединува силната желба со личен пример да ја поттикнеме и развиеме свеста за животната средина. На отпадот не му е местото во природата. Тој е производ на нашето однесување и живеење, само ние самите можеме да го исчистиме и од нас зависи каде ќе го одложиме и како ќе го третираме“.

На денешната акција за пошумување „СОНЧЕВА ГОРА“ учествуваа над сто и педесет волонтери од Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН, Макстил, Бучим Боров Дол, Костал, Бимилк, Црвен крст, Волонтерски центар Скопје и претставници од општина Старо Нагоричане, истакнувајќи ја важноста дека со колeктивен влог можеме да обезбедиме зелена иднина за нас и за следните генерации.

Во рамките на проектот за само четири години се засадени повеќе од 125.000 дрвја и собрани 915.000 килограми отпад, а досега учествувале над 44.000 пријавени волонтери, од кои повеќе од 10.000 ученици и студенти.

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг