Connect with us

Македонија

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Published

on

Сопственикот и управител на   ЕМС (Energy Maintenance Solution), Тодор Анѓушев, учествуваше на Конференција на тема „Модернизација на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во Северна Македонија“, каде говореше на панелот „Складирање на енергија – предизвици и можности за македонскиот, албанскиот и косовскиот енергетски сектор“.Конференцијата ја организираше Македонско-германското стопанско здружение, а под покровителство на германското министерство за економија.

Фероинвест, ЕМС, Аквават и другите фирми од групацијата имаат долгогодишно исуство во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија, и од страна на Тодор Анѓушев на панелот беа споделени корисни искуства и увиди од процесите преку кои се граделе електраните на групацијата, како и предизвиците кои стојат пред државата како дел од енергетската транзиција, при што акцентот се стави на имплементација на батериските системи.

По конференцијата, остварени беа и посети од германски компании во седиштето на Фероинвест и ЕМС, каде тие се запознаа, пред се’, со управувањето на електраните од еден центар, нивното мониторирање 24 часа и организирано одржување на терен, без оглед дали станува збор за сопствени или за електрани на клиенти.

Со германските компании беше разговарано за помошта која можат да ја понудат, преку имплементирање на модерни софтверски решенија од последната генерација, а кои ќе ја подобрат предвидливоста во производството на електрична енергија од обновливи извори. Производството од овие електрани зависи од временските прилики: сонце, ветер, врнежи итн., што го прави тешко за прецизно предвидување, а со тоа и за максимално искористување на нивната енергија.

Македонија

Сиљановска Давкова за Алфа ТВ: Партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд

Published

on

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Алфа ТВ со Искра Коровешовска зборува за повеќе актуелни политички теми.

Меѓу другите прашањата претседателката се наврати на притисокот што дел од партиите го вршат врз највисокиот суд во државата во контекст на претставка за законот за јазиците.

Претседателката во емисијата бара партиите да не се мешаат во работата на Уставниот суд кој е независно тело кое мора да работи врз основа на законите и уставот а не врз нечии лични или партиски интереси.

Предходно ДУИ се обиде да изврши силен притисок на уставните судии од кои тројца под партиска команда се повлекоа од работата на највисокиот суд во Македонија за законот за јазиците.

Continue Reading

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк