Уапсен крадец во Тетово: Нема да ви се верува што бил неговиот плен

На 06.12.2024 во 10.15 часот полициски службеници од СВР Тетово во кругот на фабрика во Тетово, го лишиле од слобода Ш.С.(24) од с.Требош, тетовско, поради основи на сомнение дека е извршител на кривично дело „кражба“ на околу три тона котури со железо, кривично дело кое било пријавено истиот ден околу 08.55 часот од А.О., вработен во градежна компанија. Тој е задржан во СВР Тетово за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.