Филмска кражба во угостителски објект во Тетово

На 06.12.2024 во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „Штипска“ во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во с.Пирок, каде биле украдени пари. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.