Connect with us

Македонија

„Ниту една партија или личност НЕ СМЕЕ ДА РАБОТИ НА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ДРЖАВАТА“

Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Прашана за стабилноста на земјава и дали разговарала со владини претставници за можна дестабилизација, Агелер рече дека секојдневно зборува со претставници на владата, бидејќи тоа и е работа, но дека не се сеќава на разговор за тоа конкретно.

– Затоа и имам фотографии со поранешни функционери, бидејќи тоа ми е работа. Но, конкретно за стабилноста на земјата, не се сеќавам на разговор за тоа конкретно, но разговарав со премиерот синоќа, веднаш по објавувањето на новите имиња на црната листа, бидејќи му ги пренесов објавите и разговарав повторно со него денеска. Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја – изјави Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конфернецијата за проширувањето на „црната листа“ на Стејт департментот на САД.

– Се чини дека без разлика дали во владејачката коалиција или во опозицијата, улогата на кој било лидер избран или не, треба да биде да помогне во остварувањето на стабилна, безбедна и просперитетна Северна Македонија.  Тоа го сака народот.  Тие не сакаат да имаат дестабилизирачки напори, изјави Агелер.

-Во однос на моите ставови за непреченото законодавство во Парламентот, тоа зависи од гласачите, и искрено, на оние што тие ги избрале да ги претставуваат и нивните вредности. 

И, знаете, без разлика дали ќе помине тој закон (за рестриктивни мерки, н.з.), она што луѓето го сакаат е да се види акција против корумпираните актери во оваа земја. 

И така, без разлика дали тоа е затоа што има закон или не, мислам дека граѓаните и гласачите на оваа земја би биле воодушевени да видат како се преземаат мерки против оние за кои знаат дека се корумпирани, изјави амбасадорката Ангела Агелер на денешната прес конференција по повод проширувањето на рестриктивната листа на САД со поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата од Апелациониот суд Енвер Беџети.

Advertisement

Македонија

Магла и блокади: Сообраќајот на регионалниот пат Берово–Струмица целосно запрен поради најавен собир

АМСМ известува дека поради појава на магла, видливоста на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија е намалена на само 50 до 60 метри. Возачите се предупредуваат да возат со зголемено внимание и да ги прилагодат брзината на условите на патот.

Жителите на село Двориште најавија јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на местото познато како „Студенец“, утре, на 19.12.2025 година во 10.00 часот. Се очекува патот да биде целосно блокиран, па возачите кои патуваат по правецот Струмица – Берово се советуваат да користат алтернативни патни правци.

На државните патишта се вози непречено, со релативно посуви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, што овозможува непречено движење за патниците.

Continue Reading

Македонија

Синоќа воздухот во Македонија достигна критично загадено ниво

Минатата ноќ воздухот во повеќето македонски градови беше критично загаден, а мерните станици регистрираа концентрации на ПМ-честички кои алармираат за сериозна опасност по здравјето. Особено алармантни се ПМ2,5 честичките, кои според стручњаците не смее да се вдишуваат подолго време.

Според податоците на AQIcn.org, најзагадената точка во земјава околу 22 часот била во Струмица, точно во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој ги комбинира сите клучни загадувачи, скокнал до 339 – ниво кое се смета за „опасно“ дури и за сосема здрави луѓе.

Не многу подобро било ниту во другите градови. Кичево, Скопје и Гостивар забележале AQI вредности помеѓу 200 и 300, што е доволно за предупредување дека престојот на отворено е ризичен. Во Скопје, најкритични биле Карпош 2, Карпош 4 и Аеродром, каде индексот се искачил на околу 250.

Граѓаните се советуваат да останат во затворени простории и да избегнуваат физички активности на отворено додека воздухот не се стабилизира.

Continue Reading

Македонија

ВЛЕН: Фетаи во Доха го претстави моделот на добро владеење и бескомпромисна борба против корупцијата

Коалицијата ВЛЕН ја оценува присутноста на вицепремиерот Арбен Фетаи во Доха, во рамки на CoSP11 – Конференцијата на Обединетите нации против корупцијата, како доказ за сериозно и суштинско претставување на државата на меѓународните платформи што се справуваат со реалните предизвици на корупцијата.

Моделот што го презентираше Фетаи ја отсликува пристапната рамка што ја поддржува ВЛЕН: борбата против корупцијата не се гради врз декларации, туку врз јасно лидерство, институционална координација и конкретни механизми за спроведување. Само преку реална акција, континуирана отчетност и активна вклученост на граѓанското општество може да се изгради довербата на граѓаните во институциите.

Од коалицијата нагласуваат дека доброто владеење е стандард што мора да се применува дома и вредност што достоинствено се претставува и на меѓународната сцена. Политиките засновани на податоци, дигитализацијата на процесите и транспарентноста остануваат клучни столбови за намалување на корупцијата и за изградба на чисти, одговорни и функционални институции во служба на јавниот интерес.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг