Connect with us

Македонија

Приведен осомничен за тешка кражба во угостителски објект во Тетовско

Published

on

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 15.30 часот на улица „Штипска” во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во село Пирок, каде биле украдени пари.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, В.Ф. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок

Македонија

Тошковски со порака за Ахмети по видеото со УЧК: ЗАВРШИ ВРЕМЕТО КОГА КРИМИНАЛЦИТЕ НЕ ОДГОВАРАА

Published

on

Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за видеото кое вчера масовно го споделуваа членови на ДУИ по социјалните мрежи од војната во 2001 со пораката дека Али Ахмети не изгубил војна.

Ова само би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи со правдата, одговори Тошковски.

Покрај воинствените песни за ОНА и Ахмети, во видеото доминираше неговиот воинствен говор од некој митинг, но истото денеска е избришано.

Continue Reading

Македонија

Полицијата го истражува случајот со црквата „Света Петка и Недела“ во Тетово!

Published

on

На 08.01.2025 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 07.01.2025 до 14.00 часот на 08.01.2025  на улица „Косовска“ во Тетово со тврд предмет било извршено оштетување на влезната врата, два прозорци, помошниот објект и камерата над влезната врата од црквата ,,Света Петка  и  Недела“.Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Информираат од СВР Тетово

Continue Reading

Македонија

Насилна кражба во Аеродром: На скопјанка ѝ украле чанта со паричник и документи

Published

on

Доцна синоќа насилна кражба во скопски Аеродром.

– На 09.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, З.В.(43) од Скопје пријавила дека околу 22.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со паричник и лични документи, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк