Connect with us

Македонија

Тони Коњановски ја донесе празничната магија: Битола блеска како никогаш досега!

Published

on

Со лидерството на градоначалникот Тони Коњановски, Битола оваа година блеска во досега невиден празничен сјај. Вечерва градот се претвори во вистинска зимска бајка со свеченото палење на празничните светилки. Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и Старата чаршија сјаат како симбол на заедништво, радост и традиција.

Градоначалникот Коњановски и неговиот тим покажаа извонредна посветеност, креативност и труд за да го создадат овој магичен празничен амбиент. Настанот го најавува претстојниот фестивал „Зимска приказна“, кој оваа година ќе трае рекордни 18 дена – од 20 декември до 6 јануари.

Со ова, Битола не само што го слави празничниот дух, туку и станува центар на зимската магија во Македонија, благодарение на визијата и трудот на градоначалникот. Следете ја програмата и станете дел од ова незаборавно доживување!

Македонија

На ГП “Ќафасан” албанската полиција спречи шверц на лекови

Published

on

На граничниот премин “Ќафасан”, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на лекови од македонска територија и уапсила жител на Поградец.

-Граничната полиција на преминот “Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, стои во полициското соопштение.

Се додава дека при детален преглед на возилото откриени биле пакувања со лекови за чиј увоз е потребна посебна дозвола. Уапсениот се обидел да ги внесе во Албанија без да ги пријави, спротивно на важечките закони.

Приведениот Ф.В. ќе одговара за сторено кривично дело „Криумчарење лиценцирана стока“, пред Основниот суд од општа надлежност Корча.

Continue Reading

Македонија

Целосно пропадна интерпелацијата на Фронтот против Изет Меџити, само 3 пратеници гласаа „за“!

Published

on

Во парламентарната историја на Северна Македонија ретко се забележува толку неуспешна интерпелација како онаа против првиот вицепремиер, Изет Меџити, иницирана од ДУИ. Само тројца пратеници гласаа за негово разрешување, што ги откри длабоките поделби во оваа партија.

Ова е историски неуспех за ДУИ и јасен знак дека поддршката за Али Ахмети сè повеќе слабее.

Резултатот од гласањето ја истакна внатрешната криза на ДУИ и губењето на поддршката на нејзиниот лидер, Али Ахмети, не само во пратеничката група, туку и од коалициските партнери во таканаречениот Европски фронт.

Политичките аналитичари по овој настан истакнуваат дека внатрешните поделби и недостатокот на единство во ДУИ ја оставаат оваа партија изолирана, доведувајќи ја во прашање нејзината улога на политичката сцена во земјата.

Continue Reading

Македонија

УЧК Фејсбук офанзивата на ДУИ заврши со бришење на воинствените видеа

Published

on

По вчерашната УЧК Фејсбук офанзива, ДУИ денеска, со војнички речник кажано, се повлече на резервна позиција. Воинственото видео со стари снимки од 2001 година од партискиот лидер Али Ахмети во униформа на УЧК, кое членови и функционери на ДУИ вчера масовно го споделуваа на социјалните мрежи, денеска е избришано.

На видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и негово обраќање во кое порачува дека никогаш не изгубил војна.

Во ДУИ уште вчера се оградија дека тие како партија не стојат зад видеото, туку оти спонтано се споделува од партиски активисти. Како што спонтано се споделуваше, така и спонтано исчезнаа.

И објавувањето и бришењето на видеото, коинцидира со новата извршна наредба на американскиот претседател Џо Бајден, која ги проширува условите за санкционирање на лица и членови на нивните семејства кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.

Според наредбата, која е дополнување на таа од 2021, под американски санкции ќе се најдат тие кои ја загрозуваат безбедноста и мирот на регионот, како и оние кои работат против клучни договори како Преспанскиот и Охридскиот договор.

Пратеничката Рина Ајдари од ДУИ вели дека видеото не е никаква провокација, туку дел од биографијата на Ахмети.

„Нема потреба од прашањето зошто баш сега. Тоа што треба да се знае и да се зборува јавно е дека тоа е реалност, тоа е биографијата на нашиот лидер Али Ахмети. Тоа не може да се оспори“, изјави Ајдари.

Министерот за внатрешни работи, пак, смета дека видеото е само обид за дефокусирање.

„Кога некој е кабает, и тоа голем кабает, нормално дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми коишто не се тема, да наметнува прашања коишто се затворени многу одамна во нашата Македонија. Така што ова само би оценил како еден неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од она што е реалност, а реалност е дека заврши времето на како досега кога секој еден којшто се огрешил ќе треба да се соочи со правдата“, изјави министерот Панче Тошковски.

СДСМ обвини дека се работи за намерни етнички провокации, кои се дел од стратегијата и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

„Реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, изјави портпаролката на СДСМ,Богданка Кузеска.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, во интервју за Независен обвини за очигледна неформална соработка меѓу нивниот доскорешен коалиционен партнер ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, и се дистанцира од, како што вели, „коруптивната стигма“ на интегративците. СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ, вели Филипче и најавува дека ќе соработуваат со албански партии кои ги споделуваат нивните заложби.

Извор: Телма.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк