Connect with us

Македонија

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство, работеле турбо откако тој поднел оставка во април 2023 од челната функција на државните електрани.

Вчера се спроведе акција за криминал во ЕСМ, поточно во РЕК Битола и Рек Осломеј, во која еден од осомничените е Ковачевски.  Полицијата трага по поранешниот прв човек на ЕСМ, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата. 

Со мега акцијата на МВР се опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.Фирмата Елтек Доо увоз-извоз Скопје, во која самиот Васко Ковачевски има удел од 10 отсто, а неговиот син поседува 90 проценти, работи на проектирање и изградба на трафостаници, но и на фотоцентрали и хидроцентрали.Приходите во 2023 се зголемиле за 78 отсто. Забележаниот приход е 525.000 евра, а добивката е зголемена за 2099 отсто, односно изнесува 92,3 илјади евра. 

Со слична дејност е и фирмата Елтек Градба Скопје, каде што Никола Ковачевски е единствен сопственик. Приходите се зголемиле за двојно повеќе минатата година и изнесуваат 569.000 евра. И добивката во 2023 бележи раст од 1.076 проценти, а заработката е 121.000 евра.

Бројот на вработени горе-доле останал ист. Синот Ковачевски ги поседува и фирмите Ембер Тим и Ембер Нетворк од секторот информации и комуникации, од кои едната има многу помали приходи, додека другата речиси никакви.

Фирмите на Ковачевски кои поседуваат лиценци за изведба, проектирање и надзор на градби од прва категорија за една година му донеле добивка поголема од 200.000 евра и приходи од околу 1,1 милион евра.

Инаку за детали од акцијата сè уште се чека да завршат претресите. Според досегашните сознанија, за време на претресите биле најдени големи суми на кеш.

Извор: Фактор.мк

Advertisement

Македонија

Николоски најави иновативни инженерски решенија за автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на 14 ќе се врши стабилизација со таканаречени галерии – метод што досега не е применет ниту во Македонија, ниту во поширокиот регион.

Според Николоски, ваквиот пристап ќе обезбеди долгорочна безбедност и стабилност на трасата, ќе ги намали ризиците од одрони и ќе овозможи конечно завршување на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во земјава. Проектот, како што нагласи, ќе придонесе за побрзо и побезбедно поврзување на југозападниот дел од државата и за зголемен економски и туристички развој.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

Анита Тополова-Исајловска ја презема функцијата на државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја преземе функцијата вршител на должноста државен јавен обвинител, откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка.

Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Тополова-Исајловска, која беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во обвинителството. Таа доаѓа од местото заменик јавен обвинител, носејќи со себе искуство и континуитет за највисоката јавна функција во обвинителската служба.

Continue Reading

Македонија

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

vila

Во периодот од 8 до 14 декември, здравствените власти регистрираа вкупно 126 случаи на грип и заболувања слични на грип во Република Северна Македонија. Ова претставува алармантно зголемување од 31,3% во споредба со претходната недела, што покажува дека сезоната на грип полека, но сигурно ја зазема својата динамика.

Епидемиолозите предупредуваат на потребата од зголемена внимателност, редовно миење на рацете и избегнување на големи групи луѓе, особено за ранливите категории – децата, постарите и хронично болните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг