Connect with us

Македонија

Кривична за Оливер Спасовски

Синдикат на Македонска Полиција (СМП) до ОЈО Скопје, денес поднесе кривична пријава против лицата О.С од Куманово, поранешен Министер за внатрешни работи и Д.Ч од Велес, поранешен Претседател на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, поради постоење на основи за соменение дека сториле кривично дело “несовесно работење во службата” казниво по чл.353-в од Кривичниот законик, информираат од СМП.

Имено, пријавените во својство на службени лица т.е.„избрани или именувани функционери во Владата на РМ“ (сп. чл. 122, ст. 4, ал. 1 од КЗ), во текот на 2022година незаконито и несовесно во вршење на своите овластувања и должности превземале дејствија што се состојат од повреди на законските прописи, злоупотребувајќи ги притоа дискреционите овластувања, кога со вршење на формална и материјална злоупотреба со пропуштање на должниот надзор несовесно му нанеле штети материјални и нематеријални на работник во МВР (полициски службеник) – Член на СМП.

Пријавениот О.С, вршејќи функција Министер за внатрешни работи, заедно со три лица членови на Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при Свр Скопје, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи, несовесно постапувале спротивно на закон по предлог бр.22.21-6497/1 од 17.09.2020г на началник на Свр Скопје, кој бил застарен и без основ за водење на постапка наспроти кое што злоупотребувајќи ги службените положби и овластувања членовите на комисијата му доставиле предлог бр.22.21-6497/12-2020 кој го изготвиле на ден 17.02.2022година, за изрекување парична казна по настапена АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ за спроведување на дисциплинска постапка, а која што ја закажале и воделе по истекот на рокот спротивно на член 219 ст.2 од КД на МВР, кога со неосновани и фингирани наводи (2) години претходно му се вршеле притисоци на работникот од повикување во врска со член 186 став 1 точка 2 и член 187 став 1 точки 3, 4 и 10 од ЗВР, и по кое што заради непотклекнување, со донесување на решение бр.22.6.1.1-26817/1 од 16.03.2022година, по истекот на рокот од најмногу 12 месеци, несовесно било постапено спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи и членовите 242 и 244 став 3 од КД на МВР.

Ситуацијата е покомплицирана и отежителна за пријавениот, кога фактичката ситуација од незаконско постапување била констатирана и од страна Државниот инспекторат за труд, по извршен вонреден инспекциски надзор инициран од страна на сега оштетениот работник, а кој врз основа на член 83 став 1 од Законот за инспекциски надзор на работодавачот му донесол и врачил решение со “инспекциска мерка опомена ИП1 09-656 – да донесе акт со кој ќе го поништи Решението бр.22.6.1.1-26817/1 од 16.02.2022година во рок од (8) дена од денот на приемот на решението”, а по кое истиот не постапил, ставајќи се притоа над законските прописи.

Второпријавената како Претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, постапувајќи неправилно и неетички во вршење на должноста спротивно на нормите на професионална етика на службените лица, надминувајќи го степенот на обична невнимателсност, заборавеност и неуредност, непостапувајќи во согласност со должноста за надзор, повредувајќи го Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (Сл. Весник на Р. Македонија, бр.51 од 13.04.2011 година), постапила спротивно на член 7 од истиот закон, вршејќи формална и материјална злоупотреба на законските прописи во корист на друг (првопријавениот) за прикривање на незаконското и несовесно постапување кое претставува КД, а на штета на работникот и сега на Буџетот на РСМ, истата влијаела и наместила исход со донесување на Решение бр.0901-96 од 19.05.2022 година, со кое Жалбата на работникот, ЈА ОДБИЛА КАКО НЕОСНОВАНА.

Со ова, прво и второ пријавените функционери, грубо ја прекршиле, односно намерно не ја испочитувале императивната законска обврска при вршење на дискрециони овластувања – стипулирана во чл. 63 од цитираниот ЗСКСИ (2019), како антикорупциски lex specialis, кога како службени лица биле должни одлуките да ги донесуваат совесно, водејќи сметка за сите факти и околности на конкретниот случај и за начелото за законитост и справедливост, а кое што пак незаконско постапување сега е и потврдено со Пресуда бр. 3 РО -3581/22 на Основниот граѓански суд Скопје и Пресуда бр. РОЖ -2029/23 од 04.10.2024г на Апелациониот суд Скопје.

Го повикуваме надлежното Основно Јавно Обвинителство, да отворат истрага против горенаведените лица, со цел да се утврди нивната одговорност како за овој случај така и за стотиците останати извршени незаконски постапувања од кои што се нанесени голем број на штети на вработени во МВР како и за штетите на Буџетот на Р.Македонија кои се настанати од над 25 милиони евра, и тоа од извршени злоупотреби на службени положби и несовесно работење предизвикувајќи да бидат исплатени судски трошоци, извршители, камати како и за надомест на штети.

Исто така ги охрабруваме колегите вработени во Министерството за внатрешни работи,сите оние кои се оштетени од незаконски постапувања да ги пријават до надлежните институции, за конечно да се стави крај на башибузукот од злоупотребите на службени положби како и на толерирано несакционираното искористување на моќта од дадените функции за ставање над и непочитување на законските прописи а кое незаконито постапување е резултирано на сметка од надомест на штети со парите на граѓаните.

Advertisement

Македонија

Животот е пред возилото: Новогодишна кампања против возење под дејство на алкохол

volan

Со новогодишните и божиќните прослави на прагот, патиштата се полнат со возила, а сообраќајот станува сè поинтензивен. Но, зад блескавите светла и веселите дружби, се крие сериозен ризик – управувањето на возило под дејство на алкохол.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предупредува: алкохолот ја нарушува концентрацијата, го забавува времето на реакција и го ослабнува умот за правилна проценка на опасностите. Секое возење под дејство на алкохол не е само прекршок – тоа е директна закана за животот на возачите, патниците и сите учесници во сообраќајот. Последиците, велат од Советот, често се трајни и ненадоместливи.

Апелот е јасен: не седнувајте зад воланот ако сте консумирале алкохол. Планирајте безбедна алтернатива – јавен превоз, такси или пријател кој ќе ве однесе дома. Почитувајте ги правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација, користете заштитна опрема, и покажете особена внимателност кон ранливите учесници во сообраќајот.

Советот потенцира дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност. Со одговорно однесување, празничните денови можат да бидат исполнети со радост и среќа – а не со трагични последици кои ја менуваат иднината на цело семејство.

Continue Reading

Македонија

Паркингот на Клинички ќе стане државен, здравството добива 100 нови амбулантни возила

ambulanta

На вчерашната седница, Владата донесе важни одлуки кои значително ќе го подобрат здравствениот систем и инфраструктурата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Земјиштето на паркингот ќе премине во државна сопственост, со што се отстрануваат административните пречки за модернизација и зголемување на капацитетот за паркирање.

„Со новиот статус на паркингот ќе можеме да воведеме целосен мониторинг, информативни табли и дигитален водич кој ќе ги насочува граѓаните. Нашата цел е пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Покрај тоа, Владата обезбеди средства за набавка на 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема, со вкупна вредност од 461,25 милиони денари, со план за реализирање во следните четири години. Овие возила ќе ја зголемат ефикасноста на итната медицинска помош, обезбедувајќи побрз транспорт на пациенти и подобрена покриеност во урбаните и руралните средини.

Со овие чекори, државата се стреми кон модернизиран здравствен систем и функционална инфраструктура, кои ќе го олеснат секојдневието на пациентите и ќе ја зголемат безбедноста на медицинскиот персонал.

Continue Reading

Македонија

Василевска: Филипче е заробен во застарена пропаганда која одамна не носи гласови

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и во пропагандата на лажните машинерии кои одамна, повеќе од 20 години, веќе се надминати и како начин за артикулација во политичка битка, но и како модел со којшто би можело да се освојат гласови, да се собере група на луѓе која ќе ви верува, ќе се фати на тој бран и ќе учествува во истото. И тоа е толку ветво и застарено што просто делува и несериозно, констатира пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во врска со неговата реакција за говорот во Собранието на претседателката на државата.

Во своето синоќешно гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска посочи дека тие се оние стари гебелсови методи, кои тие, односно Социјалдемократскиот сојуз, како политичка опција ги истрошија за време на Шарената револуција каде што комплетно прегореа во цела таа композиција и пропагандна машинерија.

Во однос на состојбите во опозициската партија и нејзината иднина на политичката сцена, Василевска потенцираше дека оваа партиско раководство коешто е избрано сега само се обидува партијата да ја одржи во некоја состојба на клиничка смрт, надевајќи се дека ќе дојде некој нов бран сличен како тој со шарените.

„Таму ниеден сериозен социјалдемократ нема да се нафати во овие тешки услови, со толку криминал, нерешени прашања, проблематични решенија да си го стави својот живот, своето здравје во машина за да го измелат до патот за да ги донесе, можеби, некоја идна победа. Дефинитивно, ова лидерство е така поставено за да се обидува да ја одржува партијата во една, како би рекла, полумртва состојба или во клиничка смрт, сè додека не дојде некој нов бран, на којшто можеби оние се надеваат на она искуство со Шарената револуција“, истакна Василевска.

Пратеничката се осврна на говорот на претседателката, посочувајќи дека тоа беше државнички говор каде што повика на национален консензус за интеграцијата во Европската унија, но и дека од критика не беше поштедена ниту актуелната влада.

„Ако внимателно ја слушавме ќе видиме дека таа укажа и на тоа што е она што најважно, а таа критика е директно на адреса на актуелната Влада. Тоа се во евроинтеграцискиот процес, но и во самото развивање на македонското општество, борбата со корупцијата и борбата да се дојде до правосудство коешто што ќе биде достојно за македонските граѓани“, рече Василевска.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг