Connect with us

Македонија

Ова е исходот: УСТАВЕН ОДЛУЧИ ДА ОРГАНИЗИРА ПОДГОТВИТЕЛНА СЕДНИЦА за Законот за јазици, со експерти, професори и партии

Published

on

Уставниот суд донесе одлука да одржи подготвителна седница посветена на Законот за јазици, на која ќе учествуваат експерти, универзитетски професори и претставници на политички партии. На седницата ќе се разгледуваат аргументите „за“ и „против“ уставноста на овој закон, пренесе ТВ21.

Предлогот за оваа постапка произлезе од судијката Елизабета Дуковска, која е известител за предметот. Според неа, ваквата отворена расправа ќе овозможи појасна и подетална анализа пред Уставниот суд да донесе конечна одлука.

Судијката Добрила Кацарска, пак, гласаше против оваа иницијатива, нагласувајќи дека Уставниот суд е единствениот надлежен орган кој треба да одлучува за уставноста на законите, без потреба од вклучување на надворешни учесници.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Тетово

Published

on

Земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Тетово во 01:46 часот. 

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 20 километри југозападно од Призрен, Косово. 

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат информации за потресот. 

Continue Reading

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Во Македонија, пред малку, е регистиран земјотрес бил со епицентар во Косово. Земјотресот се случил околу 01:45 часот, со магнитуда од 4,2 степени на Рихтеровата скала. Нема инфорамација за можни штети или повредени во моментов

Continue Reading

Македонија

НЕ СУМ ВО БЕГСТВО, ТУКУ РАБОТАМ НА МОЈАТА НОВА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА Се огласи Васко Ковачевски од тајна локација

Published

on

Сатирична вест на порталот Кооперација.

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој денес беше осомничен за организирање на злосторничко здружение за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што е нанесена штета од 6,5 милиони евра, испрати демант до редакцијата на Кооперација во кој тврди дека не е во бегство туку е во самоизолација, каде ја привршува својата најнова збирка со поезија.

„Веќе 2 месеци се наоѓам на тајна локација, каде заедно со мојата муза работам на мојата нова поетска збирка со работен наслов “33 песни за ЗЗ” и ја користам оваа прилика за да ѝ соопштам на јавноста дека ова е обична завист и љубомора кон мојот вонсериски, пишувачки талент и срамен обид да се прекине мојата поетска кариера, во време кога станува светски познат и признат поет“, – се вели во демантот на Ковачевски.

Целата сатирична вест на порталот Кооперација прочитајте ја ТУКА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк