Connect with us

Македонија

Побегна сведокот за убиството на Вања и Панче, полицијата го бара поради пожар во кафуле

Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е осомничен за друго тешко кривично дело и во моментот не е достапен на органите, информираа од Обвинителство.

На брифингот со медиуми во Основното јавно обвинителство, беше посочено дека тој е осомничен за палење на објект во Кисела Вода во кој на горниот кат имало станари. Индикативно е дека настанот за кој е осомничен е неколку дена пред изјавата дека го боли глава за давање исказ пред Судот.

Шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски денеска посочи дека две лица, соизвршители на делото за кое е осомничен Гоце се во притвор, а тој моментално не е достапен на органите за откривање и прогон.

– Законот за кривична постапка предвидува читање на исказот даден во истражна постапка доколку лицето не е достапно на органите на прогон. Значи по него се трага и не значи дека така ќе биде. Во моментот може да биде фатен и да си даде исказ во постапката за која е сведок. Но, таа можност постои и е предвидена во ЗКП неговиот исказ даден во истрагата да се прочита цел на главната расправа, посочи Бубевски.

За случајот, за кој се трага по Гоце Трајковски, на сајтот на ОЈО Скопје е објавено, дека се случил на 13 ноември околу 3 часот наутро, при што било опожарено кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.

Во однос на тоа како Гоце Трајковски, како приватно лице шета низ градот и собира снимки за случајот, надлежниот обвинител рече дека тие не се повикани да одговорот, посочувајќи дека снимките се обезбедени на легален начин, со наредба преку МВР.

– Тоа е тој дел за кој ние можеме да зборуваме, а за тоа кој ги давал снимките на физичкото лице не можеме да одговориме, посочуваат од Обвинителството.

Advertisement

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading

Македонија

Советот на Битола добива дигитален пресврт: Бојкоски најавува електронско гласање

bitola

Советот на Општина Битола започна со нова, модерна практика – воведување пилот-проект за електронско гласање, кој ветува побрзи, поефикасни и по транспарентни седници од кога било досега.

Претседателот на Советот, Бојкоски, истакна дека на денешната Комисија за јавни дејности членовите имаа можност да го тестираат системот во практика. „Во периодот што следи, истиот ќе се имплементира и на останатите комисии“, соопшти Бојкоски.

Интересно, системот за електронско гласање е целосно развиен од ИТ тимот на општината, без ангажирање на надворешни фирми и без дополнителни трошоци за буџетот на Општина Битола.

„Ова е уште еден чекор кон модерна, транспарентна и одговорна локална самоуправа, во интерес на граѓаните на Битола“, додаде Бојкоски.

Според најавите, електронското гласање ќе го забрза процесот на донесување одлуки и ќе ја зголеми отчетноста на членовите на Советот. Сепак, за да се обезбеди веродостојност, ќе се потврдува и физичкото присуство на лицето задолжено за верификација.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг