Пожар на улица Љуботенска во Тетово: Има повредени

На 11.12.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Љуботенска“, сопственост на С.Р.(91) од Тетово. Притоа, со повреда се здобила сопственичката, констатирана во Клиничка болница Тетово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово