Connect with us

Инфо +

Без струја утре делови од Скопје и Македонија

Published

on

На 13 декември 2024 година, планирани технички зафати ќе предизвикаат прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени делови од Скопје и други региони низ Македонија. Граѓаните се информираат да проверат кои населби ќе бидат засегнати и да се подготват за евентуални непријатности.

Инфо +

Латас: Ќе биде интересно…

Published

on

Во последно време вниманието на јавноста е насочено кон судскиот процес за случајот на Сашо Мијалков, кој добива нова димензија со ангажманот на Артан Груби и судијата Беџети. Овој случај привлекува големо внимание, не само поради неговата важност, туку и поради можните врски и влијанија што може да бидат поврзани со одредени личности во правосудството и безбедносните структури на земјата. Овде се поставува прашањето за евентуалните лични и професионални врски што можат да влијаат на текот на судскиот процес и како тие може да бидат истражени.

Драган Павловиќ Латас:

Ќе биде интересно ова со ангажман на Артан Груби и судијата Беџети околу судскиот случај на Мијалков. За почеток може да се види чиј сопруг на судијка од Апелација е вработен во УБК, кога и под кои услови и која е неговата функција во триаголникот…

Continue Reading

Скопје

Исчезна 12-годишно дете од Злокуќани, утрово се качило во погрешен автобус

Published

on

12-годишниот Сабах Сулејмани исчезнал денеска во Скопје, откако се качил во погрешен автобус

Детето е од Злокуќани, а утрово носело тегет јакна и зелен ранец. Исчезнувањето е пријавено во полиција. Роднините ги молат сите кои имаат некаква информација за тоа каде се наоѓа детето, да се јави во полиција или на телефонските броеви 071 936 707 и 071272629. Тие повеќе од седум часа не знаат каде е момчето.

Continue Reading

Македонија

Коста Петров заработи кривична за работењето во ФИТР

Published

on

Против поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој е поднесена кривична пријава за нереализиран проект на фирмата Хојо тек од Струга. Се работи за проектот наречен Грин Хојо, кофинансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Проектот бил за собирање податоци преку IoT-уреди за да се искористи решението за паметен дом за да се направи енергетски поефикасна канцеларија/куќа/стан.

Постои основано сомневање дека Фондот е оштетен за 4.000.000 денари, затоа што е сторена „злоупотреба на службена положба“ од страна на поранешно ракoводно лице, директорот Фестим Халили. Корисникот иако не ги испочитувал обврските од договорот и правилникот, директорот Халили не го раскинал договорот, а исплатите се етапно завршени. За корисникот Хојо Тек и одговорното лице Дашмир Истрефи има сомневање за сторено казнено дело „измама“. Одговорното лице како трошоци со коишто ги правда добиените средства, прикажува едни фактури, за потоа да ги корегира на барање на овластен ревизор – како доставување на трошок за закупнина и слично. Тоа го прави со цел да го доведе во заблуда Фондот и да се стекне со имотна корист од 4.000.000 денари. Од досега пронајдените докази, постои сомневање дека од самиот почеток на проектот има внатрешна соработка помеѓу раководно лице и лица вработени во ФИТР и корисникот кој го добил грантот од 4.000.000 денари, па понатамошната истрага може да докаже основано сомневање и за други дела.

Од ревизијата на работата на ФИТР, произлезе уште една кривична пријава, исто така против поранешен директор на Фондот, Коста Петров.

Во овој случај се работи за проект на Фротирка АД Делчево финансиран од ФИТР, незавршен проект, исплатен, а без никаква соодветна реакција од раководното лице, во случајот поранешниот директор на ФИТР Коста Петров.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк