Connect with us

Македонија

Ќе уживаме во многу продолжни викенди – Ова се сите неработни денови за следната 2025 година

Published

on

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ: 1 јануари (среда), Нова Година, 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден, 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (четврток), Ден на трудот, 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 21 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (четврток), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 6 Јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ: 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ: 8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ: 23 мај (петок), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

Македонија

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ И ЖЕНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА Службено возило на МВР удри во „опел корса“ кај Пониква

Published

on

policija

Денеска во 10:06 часот, на регионалниот пат Зрновци – Пониква, се случила сообраќајна незгода во која учествувале службено возило „дефендер“ сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот А.Б. од Скопје.

Во несреќата повредени се сопатниците од „опел корса“ – жена со иницијали Е.С.Б. и четиригодишно дете, и двајцата од Скопје. Повредите биле пријавени како телесни, но степенот на сериозност сè уште не е прецизиран.

„На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа од полициската станица Кочани, во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од полицијата.

Полицијата ги истражува околностите кои довеле до судирот, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

Continue Reading

Македонија

ФОТОГРАФИИ ОД ЛУКСУЗНОТО БМВ ПРЕТВОРЕНО ВО „ИСКУБАНА КОКОШКА“ Еве како изгледа руинираното возило од Министерството на Артан Груби

Published

on

Министерот Стoилковиќ рече дека е згрозен од неодговорното управување со ресурсите на Министерството, нагласувајќи дека штетата врз овој луксузен автомобил е само еден пример за системските злоупотреби.

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стoилковиќ, откри нови злоупотреби со имотот на Министерството, посочувајќи дека службено возило БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во катастрофална состојба во сервис за поправка.

– Возилото, кое било предадено на сервис, сега личи на ‘искубана кокошка’. Делови од него, вклучително и вратите, се извадени и користени за други потреби на сервисот. Министерството за внатрешни работи е веќе вклучено во истрагата, но нема записници за предавањето на возилото. Сведоците тврдат дека автомобилот бил предаден во совршена состојба – изјави Стoилковиќ.

Министерот рече дека е згрозен од неодговорното управување со ресурсите на Министерството, нагласувајќи дека штетата врз овој луксузен автомобил е само еден пример за системските злоупотреби.

– Сервисот очигледно го користел автомобилот за свои потреби. Истрагата ќе покаже какви злоупотреби се направени – додаде тој, истакнувајќи дека јавноста ќе може да процени откако ќе ги види фотографиите од оштетеното возило.

Continue Reading

Македонија

Казни и забрани за работа поради алкохол за малолетници

Published

on

Државниот пазарен инспекторат (ДЗИ) најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на државата, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица.

„Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец. Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол! Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!“, наведуваат од ДЗИ.

Од Државниот пазарен инспекторат истакнувата и дека заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продоли да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк