Connect with us

Македонија

Тешка сообраќајна несреќата во Скопје има повредени

Published

on

Вчера во 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стевковски“ и ул.„Модест Мусоргски“ во Скопје, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42)од Скопје, удрило во З.Д.(85) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија

Коњановски најави професионално лизгалиште во Битола како дел од Зимска приказна

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Битола“ одржа средба со новинарите на која ја најави новата атракција за градот – професионално лизгалиште на плоштадот Магнолија. Лизгалиштето ќе биде дел од оваа годинашната Зимска приказна и ќе биде отворено за сите граѓани и туристи од 20 декември до 6 јануари.

„Срцето на Битола ќе биде претворено во зимска магија, радост и заедништво за сите генерации. Лизгалиштето ќе понуди можност за забава и рекреација, а подготовките за неговото поставување започнуваат веќе овој викенд,“ изјави Коњановски.

Тој ги замоли граѓаните за разбирање додека траат подготовките за привремената адаптација на плоштадот, истакнувајќи дека овој проект е важен дел од создавањето на празничната атмосфера која ја претвора Битола во туристичка дестинација.

„Особено им благодариме на битолските компании кои ја поддржаа реализацијата на овој проект. Зимска приказна станува се поголема и популарна, и од година во година ја надминува локалната димензија, промовирајќи ја Битола како празнична дестинација,“ додаде градоначалникот.

Со овој проект, Битола ќе стане уште попривлечна за туристите, а лизгалиштето ќе биде едно од најголемите привлечности во рамки на Зимската приказна.

Continue Reading

Македонија

Во тек е исплата на надоместоци

Published

on

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека во тек е исплатата на надоместоци.

И тоа надоместокот за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост и надоместок за сместување во згрижувачко семејство.

Овие надоместоци се за месец ноември 2024 година, наведуваат во соопштението од МСПДМ.

Continue Reading

Македонија

Светска банка ни препорачува постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање и поголема стапка на придонесот

Published

on

Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците, се вели во новиот извештај на Светска банка „Преглед на јавни финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и зајакнување на отпорноста“.

Во извештајот се нагласува дека најновата стратегија со која фискалната нерамнотежа требаше да се намали со економскиот раст, не донела задоволителни резултати. Во последната деценија, земјата се соочува со повисоки фискални дефицити од земјите од Западен Балкан, со ниво на долгот што надминува 62 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).

– За подобро да се подготви за иднината, сега е клучно С. Македонија да почне да се справува со фискалните предизвици, изјави Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Македонија.

Според него, обезбедувањето на цврсти макроекономски основи може да придонесе за одржлив економски развој и намалување на сиромаштијата додека земјава се приближува кон членство во ЕУ.

Во однос на одржливоста на пензискиот систем во извештајот се посочува дека целта на повеќестолбната реформа на овој систем воведена во 2005 година била подобрување на среднорочната и долгорочната фискална одржливост со одржување на паритетот на правата низ генерации, но дека оваа цел е доведена во ризик поради подоцнежните ад-хок промени на политиките. Земјава и понатаму има пензиски дефицит и без реформа, како што оценија Светска банка, тој уште повеќе би се зголемил.

– За справување со овие предизвици се предлагаат повеќе политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на општество што се повеќе старее. Тие опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите (тн Швајцарски модел) и враќање на претходното индексирање согласно индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот. Комбиниран пакет што ќе ги интегрира сите три политики би можел да донесе поизбалансирани исходи и да го спречи понатамошното зголемување на пензиските расходи и дефицити, се наведува во Извештајот на СБ.

Се вели и дека има значителен потенцијал за подобрување на наплатата на даноците и за оптимизирање на расходите на јавниот сектор. Проценките на Светска банка укажуваат дека со спроведување мерки како што се намалување на ослободувањата од ДДВ, спроведување прогресивно оданочување на приходите и зголемување на даноците за животна средина и даноците на имот, даночните приходи би можеле да се зголемат за 3,5 процентни поени од БДП.

Според извештајот, со подобрување на наплатата на даноците и оптимизирање на расходите, Северна Македонија има можност да ги намали трошоците за задолжување и да распореди повеќе ресурси кон основните сектори клучни за нејзината иднина, како што се образованието и здравството.

Во делот на здравството се наведува дека справувањето со предизвиците на општеството што старее бара модел за извршување на услугите со кој се подобрува ефикасноста на јавните расходи и се проширува пристапот до висококвалитетни здравствени услуги, вклучувајќи и долготрајна нега. Ова меѓу другото подразбира, континуирани инвестиции во опрема, вработувања, знаења, вештини на давателите на негата. Обезбедувањето на рамноправен систем до здравствената заштита, се посочува, бара подобрување на пристапноста, особено на лековите и долготрајната нега.

-Подобрувањето на пристапноста до лековите и зголемување на пристапот до висококвалитетни лекови бара редовно ажурирање на позитивната листа на лекови и ревидирање на цените на лековите и на политиките за партиципација со фокус на подобра финансиска заштита на ранливите домаќинства, а во делот на услугите за долготрајната нега се препорачува развој на механизми за финансиска помош особено за сиромашните, стои во Извештајот.

Дадени се низа препораки со цел насочување на земјата кон поодржлива фискална патека. Овие препораки опфаќаат конкретни мерки за зголемување на даночните приходи, реформи за подобрување на ефективноста на јавната администрација, ребалансирање на финансиите на локалните власти и напори за подобрување на ефикасноста на извршувањето на јавните услуги.

Групацијата Светска банка е партнер на Северна Македонија во разни проекти за финансирање и знаење со цел подобрување на ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи, подобрување на ефективноста на даночната администрација и кои опфаќаат повеќе сектори, вклучувајќи ги образованието, социјалните услуги и земјоделството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк