Connect with us

Македонија

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година

Published

on

Измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци за работа во установите за деца.
Имено, од месец октомври 2023 година не се спроведува стручниот испит за стекнување на лиценца за работа во установите за деца, испит кој се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Министерството за социјална политика, демографија и млади е надлежно за издавање на лиценците за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник, за воспитувач, лиценца за негувател и лиценца за директор.

Лиценцата за работа кои ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитание за деца од предучилишна возраст е неопходен критериум, односно задолжителен услов кој истите мораат да го исполнат, односно без важечка лиценца за работа овие лица не можат да аплицираат за вработување во детските градинки, каде во моментов има најголема потреба од вработување на ваков кадар на државно ниво.

Измената на законското решение овозможува во исклучителни ситуации да се предвиди начин на кој ќе продолжи континуирано да тече процесот на полагање на испити за стекнување на лиценца за работа, односно со полагање на испитот во хартиена форма со времетраење до 01.01.2026 година.
Со измената на Законот се утврдува дека лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, како и дека испитот за стекнување на лиценца за работа се полага на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните и неговото писмо.
Со овој Закон се менува називот на Министерството за труд и социјална политика, името на министерот и називот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Северна Македонија број 121/2024).

Македонија

БРАВО ЦУК! – УСПЕШНО СПАСЕНИ НЕКОЛКУ МАЛОЛЕТНИЦИ: Биле заглавени во завеаното село Рајчани

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) објави дека акцијата за спасување на шест лица, кои беа заглавени поради обилниот снег во село Рајчани, Општина Кочани, е успешно завршена.

„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, соопштија од ЦУК.

По добивањето на пријавата, веднаш беше активирана координирана акција со СВР Штип, Полициската станица Кочани, лицето за контакт од Општина Кочани, градоначалникот и Доброволната спасителна служба Осогово.

Благодарение на брзата реакција и соработката на сите инволвирани страни, сите шест лица се успешно извлечени. Според информациите, тие се во добра состојба, а акцијата заврши без дополнителни компликации.

Обилните снежни врнежи продолжуваат да предизвикуваат проблеми низ земјата. Граѓаните се советуваат да избегнуваат непотребни патувања, особено во критичните региони каде што временските услови се најлоши.

Continue Reading

Македонија

Скопјанка точно на полноќ нападната во угостителски објект

Published

on

Денеска (12.01.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 00.00 часот во угостителски објект во селото, била физички нападната од Г.Н. од с.Јурумлери, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Македонија

Приведени четири лица, незаконски ловеле

Published

on

Во близина на место викано Караула Моин, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица вчера околу 14.30 часот ги лишиле од слобода О.И.(26), К.К.(53), Д.Т.(35) и Ж.У.(25), сите од Гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При извршена контрола, соопштија денеска од МВР, кај О.И. била пронајдена ловна пушка „сухл“ и два ловечки патрона, кај К.К. ловна пушка „застава“ и девет ловечки патрони, а кај Д.Т. ловна пушка карабин „застава“ и 12 куршуми, како и други предмети.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк