Connect with us

Инфо +

Американски конгресмен во 1947 година: „Што направивме ние? Ги предадовме Македонците во ропство на Грција!“

Published

on

Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во мај, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес за тоа дали треба САД да испратат оружје за ројалистите во Граѓанската  војна во Грција.

Говорот на Џорџ Садовски во Конгресот на САД: Македонците сакаат слобода и да бидат обединети!

„Господине спикер, пред неколку моменти поставив прашање. Дали Македонците се Грци? Сме слушале многу за оваа грчка неволја, и секогаш се нарекува неволја во грчка Македонија, но зошто никој не слегува овде и не ни ја кажува вистината за оваа ситуација? Македонците не се Грци. Македонците се словенска раса на луѓе. Тие се јужни Словени.

Целиот текст на МКД.мк

Инфо +

Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Published

on

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.

– Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата.

Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а оствари средби и со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Continue Reading

Свет

Трамп ги помилува патриотите од Капитол, го преименува Мексиканскиот Залив, го напушти Парискиот договор…

Published

on

Меѓу другото, тој првично ги повлече САД од Парискиот климатски договор. Соединетите Држави, вториот најголем загадувач во светот по Кина и историски најголем загадувач, го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но Џо Бајден ги врати во неговиот.

Потпиша извршна наредба со која беа помилувани 1600 од луѓето осудени за нападот на Капитол при промената на власта кога Бајден го победи Трамп. Паралелно со ова, тој нареди да бидат и прекинати истрагите за ова дело.

Трамп најпрво потпиша извршна наредба со која поништи 78 извршни наредби од неговиот претходник Џо Бајден, вклучително и отстранување на Куба од листата на држави спонзори на тероризмот, објавија американските медиуми.

Потоа, заедно со повлекувањето на САД од климатскиот договор, тој исто така го забрани издавањето на нови федерални регулативи додека тој и неговата влада не ја преземат целосната контрола врз него, привремено го забрани вработувањето на федералната влада, освен во областа на војската и националната безбедност, и ја укина работата од дома за федералните службеници.

Во салата, тој, исто така, им нареди на сите федерални агенции да се справат со кризата со зголемените трошоци за живот, потпиша наредба за враќање на слободата на говорот и забрана на цензура, објави телевизијата ABC.

Трамп ја опиша администрацијата на Бајден како најлоша во историјата пред околу 20.000 поддржувачи во салата и, на ентузијастички аплауз, најави серија други извршни наредби што ќе ги потпише во Белата куќа.

Трамп вчера потпиша извршни наредби со кои илегалната имиграција на границата меѓу САД и Мексико е прогласена за вонредна состојба, означувајќи ги криминалните картели како терористички организации.

Continue Reading

Инфо +

Во Македонија се очекуваат послаби врнежи од дожд и од снег, во котлините можен е замрзнат дожд!

Published

on

Денес (вторник) во Македонија ќе имаме повеќе облачност и поладно време, а на повеќе места како што и претходно напоменав ќе има слаби врнежи од дожд, или од дожд и снег на повиските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките места  и на планините, и секако на скијачките центри.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините и понатаму ќе продолжи маглата  и ниската облачност, па така во котлините, особено во Пелагониско, како и оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието е можна и појава на замрзнат дожд.

И во Скопје  и околината денес ќе имаме повеќе облачност, а во ниските предели од котлината ќе продолжи да има магла и ниска облачност. Не се исклучува можноста во делови од котлината да има појава  и на слаб замрзнат дожд.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 4 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк